• Latest
Немања Рујевиќ на ТВ Н1 (скриншот)

Удари по „руските браќа: Некој нека го извести Сарапа

July 30, 2024
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Удари по „руските браќа: Некој нека го извести Сарапа

Има ли индиции дека Белград ги олабавува врските со Москва а дека полека се приближува кон Западот. Телевизијата Пинк тоа го насетува и затоа ја напаѓа некогашната идеолошка близначка Хепи дека е поседува на од руски платеници!

July 30, 2024 19:00
in МЕДИУМИ, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Немања Рујевиќ на ТВ Н1 (скриншот)

Немања Рујевиќ на ТВ Н1 (скриншот)

Share on FacebookShare on Twitter

НЕМАЊА РУЈЕВИЌ

Пинк побара гасење на Хепи ТВ, а на водителот Сарапа му било непријатно. Се тврди дека Хепи го посетуваат руски платеници. Има и други индикации дека Белград ги заострува односите со Москва, додека масовно ја вооружува Украина.

Острото око и малку имагинација треба да можат да ја забележат „комплицираноста“ на околностите овие денови, неволјата во рајот и, можеби, свртувањето на Србија од „руските браќа“.

Ризикувам да трчам пред настаните, но написот е пред вас, па читателот нека процени сам.

СЛИКА ПРВА Во четвртокот наутро Марко Матиќ, аналитичар на режимот за општа намена, беше на своето „работно место“, односно во студиото на Пинк.

Се зборуваше за „хибридна војна“ и дека и штети на државата кога се плука по Европската Унија, која е наша „стратешка цел“ и партнер. Иако понекогаш тоа го правеше на Пинк, на Жељко Митровиќ му се допадна да биде на „прозападната“ страна на режимската пропаганда.

Но, тогаш се случи нечуеното. Матиќ директно порача дека националната фреквенција треба да и се одземе на телевизијата Хепи, бидејќи во програмата „Актуелности“ гостуваат платениците на руската служба да шират воена пропаганда.

Цитирам: „Имате национална телевизија која има попладневна програма, многу гледана, каде што луѓето влегуваат и нашите служби отворено знаат дека тоа е платено од разузнавачките служби на друга земја“.

Водителот Предраг Сарапа се обиде да премине на следната тема, а се уште не е докажано, па да ги оставиме службите да си ја завршат работата, но Матиќ беше доследен на барањето да го затвори Хепи: „Нашата земја не смее да го дозволи тоа“ .

СЛИКА ВТОРА Вицепремиерот за општи намени Александар Вулин – официјално без ресор, но задолжен за патриотизмот, српскиот свет и руските браќа – првпат отворено им се налути на Русите.

Вака беше: Во вторникот амбасадата на САД во Белград го прослави американскиот национален ден 4 Јули – н.з.), дојде и претседателот Вучиќ, рече дека двете земји се сојузници во тешки времиња или нешто слично.

Ова не му се допадна на пратеникот на руската Дума, Алексеј Чепа, кој рече дека Вучиќ „презема голем ризик“ кога зборува за пријателството меѓу Србија и САД и дека народот на Србија добро се сеќава на американските бомби.

Тогаш Вулин седна да напише мала книга и му пукна на Чепа дека Вучиќ е „последниот слободен лидер во Европа“ кој е единствениот што не воведе санкции кон Русија, па тоа го стори дури и Виктор Орбан.

„Лесно е да се биде пријател на Русија во Русија, треба да се биде пријател на Русија каде што нема никој освен нас Србите и човекот кој не води“, најави Вулин.

СЛИКА ТРЕТА Деновиве во Белград беше заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Александар Грушко, а од средбата со претседателот Вучиќ остана само белешка на Инстаграм.

Некои медиуми пренесуваат тврдења од свои извори дека Грушко го поставил прашањето за сите прашања што Москва ги има за Белград, имено, од каде толку српско оружје на Украинците. Грушко наводно не бил задоволен од одговорите и лут си заминал.

Инаку, во изданието кое стигна до киосците, „Време“ пишува дека шемите со оружје на Украина траат и дека српските власти точно знаат кому му испраќаат оружје, а богами и политички знаат да платат за тоа. на Запад, кој замижува пред крајот на демократијата во Србија.

За српските граѓани тоа не е баш радосна пресметка: оружје за Украинците, Вучиќ за Србија.

Како и да е, се чини дека нешто се менува во српското „седење на две столчиња“. Можеби е време некој да го извести Сарапа.


Извор: VREME.COM

Превод и избор: Љубомир Костовски / ГЛОБУС МАГАЗИН

Tags: Медиумируска пропагандаСрбијаТВ ПинкХепи ТВ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ