Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот, предлог усвоен на денешната седница на Владата.
„Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот“, соопшти министерот Филипче.
Работното време на угостителите од 18 декември беше ограничено до 18 часот, како дел од превентивните мерки на Владата за спречување на ширење на Ковид-19 во текот на празниците, а со истите се забрани и организирање и одржување прослави за новогодишните и верските празници.