Украина бара свикување на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради најавата на Русија дека ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, пренесува МИА.
Украина очекува ефективни акции против нуклеарната уцена на Кремљ од Обединетото Кралство, Кина, САД и Франција… Бараме итно свикување на вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за оваа цел“, се наведува во реакцијата на украинското Министерство за надворешни работи.