• Latest
Андриј Сибига

Украинската амбасадорка Дир: Сѐ повеќе држави се приклучуваат кон иницијативата за Специјален трибунал за руската агресија

March 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинската амбасадорка Дир: Сѐ повеќе држави се приклучуваат кон иницијативата за Специјален трибунал за руската агресија

March 30, 2026 21:36
in ВОЈНА ВО УКРАИНА
Андриј Сибига

Андриј Сибига

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, објави дека расте бројот на држави подготвени да се приклучат кон формирањето на Специјален трибунал за злосторството агресија на Руската Федерација против Украина.

Според неа, овој процес претставува клучен чекор кон воспоставување правда, зајакнување на меѓународното право и спречување на идни злосторства.

„Бројот на држави подготвени да се приклучат кон Проширениот делумен договор за Специјалниот трибунал за злосторството агресија на РФ против Украина се зголемува. Неговото воспоставување оваа година е клучно за правдата, зајакнувањето на меѓународното право и спречувањето на нови злосторства“, наведува амбасадорката Дир.

Овие изјави доаѓаат во момент кога меѓународната поддршка за трибуналот забрзано расте. Украинската дипломатија интензивно работи на обезбедување политичка и правна поддршка од што е можно поголем број држави, со цел институцијата да стане оперативна што е можно побрзо.

Според последните информации, веќе неколку држави официјално потврдиле дека ќе се приклучат на договорот, а се очекуваат и нови членки во блиска иднина, објави Украинска правда.

Бројот на држави подготвени да се приклучат кон Проширениот делумен договор за Специјалниот трибунал за злосторството агресија на рф проти🇺🇦се зголемува. Неговото воспоставување оваа година е клучно за правдата, зајакнувањето на меѓунар-то право и спречувањето на нови злосторства pic.twitter.com/kEG5igBsxh

— Larysa Dir (@dir_larysa) March 30, 2026

Сибига: Нема амнестија за руските злосторници

Во својата изјава, министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, ја нагласува потребата од одговорност за руската агресија и нејзините последици.

„Обемот на руските злосторства во текот на нејзината агресија е невиден на европско тло од Втората светска војна. Кривичното дело агресија е коренската причина за сите нив. Мора да има одговорност и нема да има амнестија за руските криминалци, вклучително и за највисокото политичко и воено раководство на РФ. Специјалниот трибунал е клучен елемент од инфраструктурата за одговорност, при што другите два столба се Комисијата за побарувања и Регистарот на штети.“

Сибига истакнува дека злосторството агресија не е само едно од многуте кривични дела, туку основата од која произлегуваат сите други злосторства, вклучително и воените злосторства и злосторствата против човештвото.

Зошто е потребен Специјален трибунал?

Иако Меѓународниот кривичен суд веќе води истраги за воени злосторства во Украина, тој нема надлежност да го гони самото злосторство агресија во овој случај. Токму затоа се создава посебен трибунал кој ќе се фокусира на одговорноста на највисокото политичко и воено раководство.

Планираниот трибунал, кој се развива во рамки на Совет на Европа, има цел да воспостави правна рамка што ќе обезбеди гонење на одговорните за агресијата и правда за жртвите, но и да се испрати јасен сигнал дека агресијата нема да остане неказнета.

Правда како предуслов за мир

Украинските власти постојано потенцираат дека не може да има траен мир без правда. Специјалниот трибунал се гледа како продолжение на историските напори за меѓународна правда, со цел да се спречи повторување на вакви злосторства во иднина.

Во тој контекст, иницијативата не е само правна постапка, туку и стратегиски одговор на глобалниот предизвик од агресијата како средство на државна политика.

ЦИВИЛ – Центар за слобода е вклучена во повиците за правда од првиот ден на бруталната руска агресија и активно работи и на меѓународен план за постигнување праведен мир во Украина, што не е возможно без правда. ЦИВИЛ е организација ко-основач на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата и на програмата Вестминстерската алијанса за Украина.

Со растечката поддршка од државите ширум светот, создавањето на трибуналот се приближува кон реализација – како обид да се воспостави јасна линија меѓу правото и неказнивоста во современиот меѓународен поредок.

М. Д. / Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ