• Latest
Фото: Кијив Пост

Украинските сили го ракетираа бродоградилиштето Керч на окупираниот Крим каде што бил стациониран еден од најмодерните бродови на руската морнарица

November 5, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските сили го ракетираа бродоградилиштето Керч на окупираниот Крим каде што бил стациониран еден од најмодерните бродови на руската морнарица

November 5, 2023 14:33
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Кијив Пост

Фото: Кијив Пост

Share on FacebookShare on Twitter

Украина информираше дека на 4 ноември  нејзините сили нападнале бродоградилиште во пристанишниот град Керч на источниот брег на полуостровот Крим, анектиран од Русија, објави Кијив Пост.

Што велат украинските извори?

„Вечерта на 4 ноември, вооружените сили на Украина извршија успешни удари врз поморската и пристанишната инфраструктура на бродоградилиштето Залив во привремено окупираниот Керч“, соопшти Телеграмскиот канал на Центарот за стратешки комуникации на вооружените сили на Украина.

Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук на Телеграм напиша дека на блодоградилиштето бил стациониран еден од најмодерните бродови на руската морнарица – брод способен да носи моќни суперсонични ракети „Калибр“.

Кои проектили биле користени?

Олешчук навести дека вооружените сили на Украина користеле крстосувачки ракети SCALP (француската верзија на британските ракети Storm Shadow), кои биле лансирани од украински воени авиони.

„Браво, како да работеле со СКАЛПЕЛ! Олешчук објави на својот Телеграм.

Тој истакна дека украинската војска „чека официјална потврда за резултатите“ од нападот.

Неколку часа подоцна, утрото, на 5 ноември, Олешчук напиша дека може официјално да „потврди“ дека се случил инцидентот.

Што рекоа гувернерот на Крим инсталиран од Кремљ и Министерството за одбрана?

Гувернерот на Крим, поставен од Русија, Сергеј Аксјонов изјави дека Украина претходно истрелала проектили врз бродоградилиштето во Керч, но дека истите биле соборени.

„Дел од остатоците од соборените проектили паднаа на територијата на еден од сувите докови. Нема жртви“, рече тој на социјалните мрежи.

По 00:00 часот по московско време, руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот бил извршен со 15 проектили, од кои 13 биле соборени.

„Како резултат на напад на непријателска крстосувачка ракета, брод во фабриката е оштетен“, се вели во извештајот, цитиран од РИА Новости.

Сепак, не е објавено кој брод е оштетен.

Некои украински извори тврдат дека бројот на проектили бил многу помал. Според украинскиот воен известувач Андреј Цаплиенко, биле соборени два проектила, а уште два ја погодиле целта.

Залив стои како едно од истакнатите бродоградежни претпријатија во Источна Европа, каде што изградбата на бродови за руската морнарица е во тек од 2020 година.

Откако ја започна својата контраофанзива против силите на Москва во летото 2023 година, Кијив ги засили нападите на полуостровот на Црното Море, кој Русија го зазеде во 2014 година.

Во септември, успешен напад од страна на вооружените сили на Украина беше насочен кон седиштето на Црноморската флота во Севастопол, заедно со фабриката за поправка на бродови во Севастопол. Како резултат на тоа, два руски брода претрпеа оштетувања за време на овој инцидент.

Подготви: Марта Пешевска

Tags: бродоградилиштеКерчКремљракетираукраински сили
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ