Војниците на украинските вооружени сили го подигнаа првото знаме на Украина денеска на левиот брег на реката Днипро во регионот Херсон, објави единицата „Карлсон“ на Фејсбук.
„Ова знаме го кренаа борците на специјалната единица „Карлсон“ – тоа ќе стане мост за деокупација на левиот брег на регионот Херсон. Операцијата беше успешна, благодарение на прецизната координација и офанзивните вештини на момчињата. Сѐ ќе биде Украина!“ – се вели во пораката.
На објавеното видео може да се види дека украинското знаме е поставено на кран на речното пристаниште, видливо е на стотици метри наоколу.