Министерството за надворешни работи на Украина најостро го осудува гранатирањето од страна на вооружените сили на Руската Федерација на просториите на странските дипломатски претставништва во Украина.
Како резултат на ракетните бомбардирања од страна на руската армија во Мариупол, оштетена е зградата во која се наоѓаа Генералниот конзулат на Грција и канцеларијата на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, исто така уништени се и просториите на почесните конзулати на Словенија, Азербејџан и Албанија во Харков.
Вооружениот напад на Русија врз просториите на дипломатските претставништва е грубо кршење на меѓународното хуманитарно право, Виенската конвенција за дипломатски и конзуларни односи.
Ја повикуваме меѓународната заедница да ја осуди Русија за варварското гранатирање на цивилни објекти во Украина, како резултат на кои умираат и добиваат повреди цивили, вклучително и деца.
Украинската страна ќе ги додаде фактите за уништувањето на просториите на странските дипломатски претставништва на територијата на Украина на тужбите против РФ пред меѓународните судови, со цел Русија да сноси максимална одговорност за нејзините злосторства.