• Latest

УНЕСКО: Пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија да се градат по една траса

January 21, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

УНЕСКО: Пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија да се градат по една траса

January 21, 2021 11:24
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државните претпријатија во земјава меѓусебно да се координираат за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во Охридско-струшкиот регион и да се истражи опцијата преку една траса (коридор) да минуваат пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија, бара УНЕСКО во изработениот Нацрт-извештај, во кој се наведува дека за Охрид и Охридското езеро се исполнети условите да бидат впишани на листата на светско природно и културно наследство во опасност.

За разлика од минатата година, кога УНЕСКО во Извештајот го афирмираше предлогот на нивната реактивна мисија за изградба на тунел за пругата кон Албанија, меѓу Струга и Прењас, сега бараат државните претпријатија (Јавното претпријатие за државни патишта, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, МЕПСО и Национални енергетски ресурси) да меѓусебно да се координираат за трасите на капиталните инфраструктурни проекти.

Со тоа би се избегнала можноста пругата, автопатот, гасоводот и далноводот да минуваат по одделни траси, кои во иднина би довеле до загрозување на уникатниот биодиверзитет и пејсажот заштитен од УНЕСКО.

Инаку, МЕПСО уште пред една година го потпиша договорот за изградба на 400-киловолтниот интерконтективен далновод меѓу Битола и Елбасан, кој минува низ заштитениот Охридски регион. Еден чекор зад него е пругата Кичево-Лин, за која Владата минатата есен ја започна постапката за пронаоѓање на средства за нејзина изградба од меѓународните фондови. Пругата уште во септември 2020 беше поделена во две фази, при што првата фаза од Кичево до Струга ќе чини 426 милиони евра. Со ова, македонската влада отвори простор за усогласување со УНЕСКО за изведба на втората фаза од пругата, во делот од Струга до македонско-албанската граница.

Со готова проектна документација е и автопатот Требеништа-Струга, а допрва треба да се работи на проектната документација за делот од Струга до границата меѓу двете земји. За Коридорот 8 што минува низ Охридскиот регион, УНЕСКО во Нацрт-извештајот повторно дава конкретни препораки, иако видоизменети по содржина од минатата година.

„Разгледајте ја можноста да се комбинираат автопатот А2 и пругата во еден тунел, доколку не е возможна надградба на постојниот пат Ќафасан-Струга, да се искористи предноста од изградба на тунел за да се избегне минување на автопатот и пругата низ чувствителни подрачја на заштитениот регион“, се вели во Нацрт-извештајот на УНЕСКО.

Во документот се препорачува да се искористи времето за да се проверат можностите за комбинирање на автопатот, пругата, далноводот и гасоводот по единствен коридор, барем за делот на Струга од македонска страна на границата. Сепак, од содржината на Нацрт-извештајот, може да се согледа дека државните претпријатија од земјава не се премногу расположени да соработуваат со УНЕСКО на оваа тема.

Најдалеку со барањата, УНЕСКО оди во однос на пругата кон Албанија, која е предвидено да се трасира од Кичево преку Струга до Лин. УНЕСКО бара до нив да се достави сеопфатна компатаривна студија за алтернативните траси за железничката пруга од Коридорот 8, вклучувајќи ги оние што не минуваат крај Охридското езеро и особено не избраната постојна траса преку Радожда до Лин. Воедно, УНЕСКО бара да им се достави ажурираната проектна документација за пругата, како и детална мапа што ги вклучува трасите по кои би минувала пругата и сите можни патишта во Струшкиот регион.

 „Мета.мк“ лани пишуваше за експертските мислења и ставовите на државата во однос на дадените препораки на УНЕСКО за инфраструктурните објекти. Професорот Дарко Мославац од Градежниот факултет тогаш посочи дека препроектирањето на железничката линија кон Албанија би траело минимум една година, а сето тоа би чинело од 3 до 5 отсто од вредноста на новопроектираната траса. Дополнително, изградбата на алтернативен тунел од Струга до Прењас би чинела од 15 до 30 милиони евра по километар, изјави тогаш Мославац. Од Владата пак пресметаа дека нов железнички тунел би чинел дополнително над 100 милиони евра во однос на проектираната сегашна вредност на пругата Кичево-Лин.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ