Управниот суд денеска ќе донесе одлука за десет од вкупно 16 тужби, кои беа разгледани вчера и ќе ги разгледа преостанатите шест тужби поднесени во врска со вториот круг од локалните избори.До Управниот суд вчера, заклучно до десет часот, беа поднесени 16 тужби, пренесува МИА.
Единаесет од тужбите беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и
една од Народно движење за Македонија.
Управниот суд има должност да донесе одлука по жалбите во рок од 48 часа по нивниот прием.
ДИК на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.