Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, е во Украина, по враќањето од службено патување, потврди портпаролката на Рустемов, Дијана Давитјан за Укринформ.
Укринформ претходно објави дека Умеров бил на закажано службено патување. Поточно, тој ги посети Соединетите Американски Држави, каде што одржа серија работни консултации и состаноци со цел зајакнување на меѓународната поддршка за Украина, а исто така го придружуваше и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на неговата посета на Турција.
Во видото објавено на Х, се вели дека при посетата на Зеленски на Анкара, министерот за одбрана Умеров беше меѓу оние што го пречекаа, тивко отфрлајќи ги неодамнешните лажни гласини дека му рекол на Зеленски дека нема да се врати во Украина.
Zelensky is in Ankara for talks with Erdoğan, as a high-level Pentagon delegation arrives in Kyiv. Defense Minister Umerov was among those that welcomed him, quietly dismissing recent false rumors that he had told Zelensky he wouldn’t return to Ukraine. pic.twitter.com/Qi4iWzoyRH
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) November 19, 2025
На 17 ноември, Центарот за борба против дезинформациите во рамките на НСБО изјави дека тврдењата во кои се тврди дека секретарот на НСБО, Рустем Умеров, одбил да се врати во Украина од странство, се неточни.
Претходно, неколку македонски медиуми се „фатија на јадицата“ за наводното бегство на Умеров, објавувајќи ја дезинформацијата на своите страници со наслови како: Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал, и Москва тврди дека Умеров побегнал, украинскиот министер за одбрана не се вратил дома по корупцискиот скандал, повикувајќи се во текстот на објава на Телеграм на украинскиот пратеникт Алексеј Гончаренко од опозициската партија на поранешниот претседател Петро Порошенко, на кого National Security and Defence Council of Ukraine (НСДЦ) му воведе санкции со образложение дека Порошенко можел да ги „подрива националната безбедност, територијалниот интегритет и државниот суверенитет“ на Украина., на извештај од страницата „Clash Report“, со адресата во Истанбул, Турција, и дека сето тоа го пренел Кијив Пост со формулација: Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана, Рустем Умеров, моментално е отсутен од земјата, а сè повеќе се шпекулира дека е вмешан и во корупцискиот скандал што го „засега“ и Володимир Зеленски, иако, ко се отиде на страната на медиумот кој се цитира, може да се види дека оригиналниот текст на медиумот кој се цитира, не кореспондира со пренесеното. Таму (дез)информацијата се објавува со задршка, и се вели дека: Кијив ги отфрла тврдењата дека Умеров останал во странство поради нови скандали во одбраната
Непотврдени извештаи тврдат дека поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров останал во Турција и одбил да се врати, токму кога НАБУ сигнализираше нови истраги за корупција во одбранбениот сектор.
Во понеделник кружеа извештаи во кои се тврдеше дека Рустем Умеров – поранешниот министер за одбрана, кој сега е секретар на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) на Украина – останал во странство за да избегне претстојна истрага за одбрана од страна на агенцијата за борба против корупцијата на земјата.
Друг медиум кој ја објавија оваа дезинформација се повикува на објава на Телеграм на рускиот сенатор Алексеј Пушков, како и на соопштение на руската државна агенција ТАСС. Сепак, во овој медиум, на крајот од текстот се пренесува дека Центарот за борба против дезинформациите при Советот за национална безбедност и одбрана соопштил дека Умеров е во Соединетите Американски Држави, каде што одржува „серија работни консултации и состаноци“, и дека украинските медиуми, повикувајќи се на официјални извори, потоа објавиле дека враќањето на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана во Украина е закажано за 20 ноември, што на крајот и се случи.
Но, во насловот и во поголемиот дел од текстот, некритички се објавува дека „Поранешниот украински министер за одбрана Рустем Умеров избегал во Турција пред корупцискиот скандал и истрагите да влијаат на одбранбениот сектор на Украина“, што придонесува за дезинформирање и манипулација со јавноста.
Тимот за мониторинг на хибридни закани на ЦИВИЛ, и овој обид за манипулативно пренесување на руските дезинформациски наративи го вброи во серијата извештаи за рано предупредување за хибридна војна на ЦИВИЛ, продуцирани во рамките на проектот „Демократски навигатор“, веќе предупреди на стратешката ранливост на Северна Македонија од руските хибридни операции и даде препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност на ваквите закани.
Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)












