• Latest

Уште една иницијатива Западен Балкан да биде геостратешки императив за ЕУ, да се преземат конкретни чекори без дополнително одложување

October 3, 2023
Вучиќ-Путин (фото извор: Газета Експрес)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уште една иницијатива Западен Балкан да биде геостратешки императив за ЕУ, да се преземат конкретни чекори без дополнително одложување

October 3, 2023 08:51
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По австрискиот нон-пејпер испратен до ЕУ-инстутициите минатата недела за конкретни чекори за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, вчера во заедничка изјава словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон, министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија Александар Шаленберг и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, нагласија дека интегрирањето на Западен Балкан треба да биде геостратешки императив. Посочуваат дека сегашната геополитичка ситуација е можност и за ЕУ и за Западен Балкан да покажат поголема стратешки предвидливост, целосно да го вратат својот кредибилитет при проширувањето и да ја зајакнат меѓусебната доверба, од која некои беа изгубени со текот на годините.

-По дваесет години, Западен Балкан се уште не се приклучи на Европската Унија. Понекогаш дури се чини дека членството во ЕУ стана помалку атрактивно во регионот отколку пред две децении. Со оглед на тоа што светот и ЕУ се соочуваат со голем број кризи во изминатите две децении, апетитот на Унијата за проширување не е намален. Истовремено, некои земји од Западен Балкан покажаа ограничена политичка волја да ги спроведат значајно потребните реформи на ЕУ, давајќи им на скептиците за проширувањето во Унијата аргументи против нивната интеграција. Севкупно, процесот на проширување се одвиваше со побавно темпо и со помалку видливи и опипливи резултати од очекуваното, што доведе до разочарување и отуѓување од ЕУ. Унијата и Западен Балкан – намерно или ненамерно – најдоа незадоволителен modus vivendi, наведуваат тие.

- Нашата цел е да го реафирмираме, да го оживееме и да ја обновиме европската перспектива за Западен Балкан, што беше декларирана на Самитот во Солун во 2003 година. Ако успемее во ова, ќе до

Посочуваат дека „од руската агресивна војна против Украина, членството во ЕУ стана уште поатрактивна цел за земјите од источното партнерство – Украина, Молдавија и Грузија. Во исто време, земјите од Западен Балкан се соочуваат со невидени предизвици за нивната стабилност, како и со засилени ндворешнополитички дилеми. Сепак, постои и зголемена свест за нов прозорец на можности за проширување, зголемувајќи ги очекувањата во однос на ЕУ“.

-Всушност, треба да се преземат неколку конкретни чекори без дополнително одлагање. Прво, ЕУ мора да ги отвори преговорите за пристапување во ЕУ со Босна и Херцеговина до крајот на оваа година. Второ, Црна Гора мора да продолжи на својот реформски пат кон ЕУ, кој зависи од формирањето на новата влада во земјата. Трето, преговорите со Албанија и Северна Македонија треба да напредуваат. Со Северна Македонија, следните чекори зависат од способноста на земјата да ги донесе потребните уставни измени. Последниот случај е потсетник дека земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан треба да играат одговорна улога и да се воздржат од вметнување билатерални проблеми и спорови, кои не се поврзани со процесот на пристапување, нагласуваат тројцата шефови на дипломатии.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вчера, прашан за австрискиот нон-пејпер, кажа дека секој документ од секоја држава членка која дава отворена поддршка на зачленувањето на државите од Западен Балкан, австрискиот документ е во таа насока е добредојден и е позитивен притисок кон институциите на ЕУ и кон државите членки за изготвување јасен и недвосмислен план за членство на државите од Западен Балкан бидејќи само тоа може да ја врати довербата кај нашите граѓани и кај сите граѓани дека ова е кредибилен процес.

null

-Ние силно веруваме дека е кредибилен процес и затоа сметам дека овие се добронамерни и добредојдени документи кои треба само да го продолжат на она што го кажа претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел во Блед за реалната можност за членство во 2030 година, овие документи ги гледам само како поддршка на тој политички став за тоа да биде преведено во конкретна политика да не остане само политички став, рече Маричиќ.

Австрија минатата недела преку нон-пејпер испратен до високиот претставник за надворшена политика и безбедност, Жозеп Борел и до еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, но и до земјите-членки, побара конкретни чекори од Европската унија за постепена интеграција на Западниот Балкан.

Виена бара од институциите на ЕУ да презентираат јасна агенда за етапна и забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан со конкретни чекори за имплементација до 2024 година и во следниот период, врз основа на „фер и ригорозни услови и принципот на поединечни заслуги“.

-Иако ја препознаваме важноста да се разговара за реформите во Унијата и за иднината на ЕУ, сметаме дека тоа не треба да се користи како изговор за одложување на процесот на проширување на нашите партнери од Западен Балкан, со кои преговараме со години и децении, се наведува во писмото потпишано од австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг и министерката за ЕУ и уставни прашања Каролине Едштадлер.

Маричиќ, пак, вчера повтори дека не очекува нови бугарски блокади по уставните измени.

-Сите наши обврски со Бугарија се напишани на хартија и се вградени или во Преговарачката рамка или во заклучоците кои ги имаме од Советот на ЕУ од минатата година, така што она што можеме да го очекуваме е предвиливо, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, кој потенцира дека не очекува нови блокади од Бугарија по уставните измени.

Бујар Османи и Никола Димитров, кои денеска ги примопредоадоа функциите на вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи, не очекуваат пречки од соседна Бугарија во процесот

Тој одговараше на новинарски прашања по потпишувањето на финансиската спогодба за ИПАРД 3, а ова го одговори на прашањето да даде коментар на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) истакна дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ, но и дека е сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања.

Маричиќ истакна дека не знае што кажал Османи, но напомена дека она што ќе се случува по уставните измени е извесно.

-Прво знаеме дека по завршувањето на уставните измени, автоматски треба да се свика втората Меѓувладина конференција и за тоа имаме цврсто уверување и од шпанското претседателство и од наредните… Секоја држава-членка во текот на преговорите може повеќе пати да отвори прашање, но мислам дека по завршувањето на уставните измени веќе никој, а особено Бугарија, нема да има кредибилитет да прават каква било блокада, бидејќи сметам дека беа доволно блокади, рече Маричиќ.

Прашан дали има сознанија за тоа каква е бугарската реакција на барањето во француско-германскиот предлог за укинување на тргнување на  ветото во процесот, вели дека засега нема официјална реакција.

-Нема официјална реакција, но сигурен сум дека кога ќе дојдат тие теми да се дискутираат ќе има држави, не само Бугарија и други коишто ќе имаат забелешка на тој начин на менување на принципот, на едногласност во делот на проширувањето. Но, тоа е борба која што ние не треба да ја биеме, тоа е битка внатре во ЕУ. Ние треба да се погрижиме во моментот кога ќе дојде времето да се носи одлука за наше членство во ЕУ никој да нема против. Тоа ни е многу важно, нагласи Маричиќ.

Засега ЕУ не предвидува промена во своето присуство во Ирак, изјави портпарол на Европската комисија.

Во извештајот на француско – германската група експерти меѓу другото се препорачува пред следното проширување, ЕУ да премине на одлучување со квалификувано мнозинство во што е можно повеќе области и да спроведе бројни реформи на повеќе нивоа, како и да се посвети на целта да биде подготвена да прими нови членки до 2030 година, што се совпаѓа со поставената цел на Северна Македонија да стане полноправна членка на Унијата до 2030 година.

Извештајот насловен „Пловење по отворено море: Реформирање и проширување на ЕУ за 21. век“, е изработен по неколкумесечна анализа од работна група составена од 12 експерти формирана од владите на Франција и Германија, „локомотивите“ на Унијата, и треба да ја добие поддршката од земјите членки.

Во извештајот на групата експерти се предлага за затворање на преговарачките поглавја во процесот на пристапување во ЕУ во иднина да се одлучува со квалификувано мнозинство со цел да се поедностави самиот процес на преговори, но за конечната ратификација на пристапниот договор се уште да биде потребен консензус на сите земји членки.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУинтеграцииСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ