ЗОРАН ИВАНОВ
Неразбирливо е како тоа академски граѓани како Сиљановска Давкова и нејзините и сличните не разбираат кога велат дека во договорот со источниот сосед немало одредба за уставни промени па еве, во една реченица, малку ука како тоа и правно и бриселски и суштински, се чита т.н француска, всушност европска рамка: договорот за т.н. пријателство во кој, точно е, нема услов за уставни ама затоа што, уставните, всушност, онака со се договорот топтан, се турнати во таа рамка и таа, рамката, а не договорот за пријателство, значи, еве уште еднаш, условот за уставните не е во договорот туку е во рамката – просто.