• Latest

Експерти од невладините, академијата и владата на панел дискусија на ЦИВИЛ: Какви закони, такви избори

May 12, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Експерти од невладините, академијата и владата на панел дискусија на ЦИВИЛ: Какви закони, такви избори

May 12, 2021 14:41
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска одржа уште една успешна панел дискусијата на тема „Какви закони, такви избори“.

Учесници на панелот беа  проф. Рената Дескоска, државната советничка при Министерството за правда, Радица Лазареска Героска, извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, претседателката на здружението „Инклузива“ Благица Димитровска и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

„Изборниот законик е хаотичен и не е читлив и затоа мислам дека треба да се направи нов законик. Граѓани како учесници во изборниот процес немаат правен лек. За чисти избори треба да бидат сите вклучени и доколку се дојде до ситуација на нерегуларности тоа да се пријави.

Дик има задача да спроведе фер и регуларни избори без разлика дали тоа ќе значи дополнителна работа за нив или не. Треба да се обезбедат кадровски и финансиски ресурси за ДКСК за мониторирање на изборната кампања.

Тоа што е соодветна препорака е дека постапката за избор на членови на дик треба да биде фер. Политичките партии треба да ги отворат своите врати на сите компетентни лица, и настрана да ги остават своите лични претензии.

Ние често пати имаме проблем и со праксата во дел на избирачките списоци. Немаме стандардизирани адреси и регистри. Често пати има нечовечки пристап кон оние кои поднеле приговор за нерегуларности. Време е да се отпочне процесот за пишување на нов законик, истакна проф. Дескоска.

„Како Претседател на работната група за измени на изборниот законик не верувам дека ќе имаме целосно нов изборен законик до локалните избори. Процесот е сложен бидејќи има многу предлози од невладини, експерти, новинари, но, на крај има многу политика“, истакна државната советничка при Министерството за правда, Радица Лазареска Героска, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“.

Политиката си го прави своето. Во април имаше една измена на изборниот процес, се случи политички договор. Во сите агенди беше дека во мај требаше да се изгласаат измените на изборниот законик, но денес сме 12 мај и се уште не е изгласано никакво решение.

Ваков изборен законик е многу тежок за следење. Досега имавме 25 измени, во најава е 26-тата измена на изборниот законик“, нагласи Лазареска Героска.

„ Тоа што не е решено е непристапноста до гласачките места на лицата со попреченост. И тоа не е само за гласање, тие места имаат ученици бидејќи изборите се случуваат во училиштата.

Гласачкото место мора да биде пристапно за овие луѓе.  На оние луѓе кои имаат изгубено работна способност, тие го губат правото на глас, тие оттука не се на избирачки список, некој друг одлучува за тоа лице, и дури и да се појават на гласачкото место не можат да гласаат. Тоа спаѓа во одземање на човекови права. Одамна бараме да се смени ова а како одговор добиваме дека треба многу закони да се сменат. Не е прашање дали сакаме или можеме, туку мораме.

Мора да се изготви нов законик кој ќе е во согласност со конвенцијата за лицата со попреченост. Нашите пораки се ставени во табелата за препораки на ОДХР И ОБСЕ.

Се надеваме дека во новиот изборен законик нешто ќе успееме да издејствуваме лицата со попреченост“ рече Димитровска.

„Граѓанинот има право на добро информиран избор и почитување на правото на глас на граѓаните. Граѓаните треба да бидат добро информирани и да не потпаѓаат на лажни вести и дезинформации и црна пропаганда. Треба да се направи целосно нов изборен законик. Едно одело да го кроиш 25 пати, тоа одело на што ќе личи? Исто е и со изборниот законик.

Изборите не се на политичките партии, туку се за граѓан(к)ите. Партиите се на врвот на таа пирамида, а би требало да се на граѓаните“, нагласи Дерала.

Се зголемува институционалниот капацитет а со тоа и политичката волја за инклузивност на некој процес. Тоа е една придобивка од растењето и развивањето. И можам да кажам дека имаме институции кои можат да одговорат на ова.

„Не велам дека не треба да не го мониторираме процесот, мора секогаш да сме внимателни, но имаме закани од дезинформации кои можат и те како да влијаат врз изборниот процес и сериозно да го оштетат процесот и да ја намалат довербата на истиот. Исто имаме и  со хибридните закани и злонамерно мешање на други држави во изборниот процес. Процесот како процес нема веќе закани. Гледаме што се случува и има транспарентност. Но ова што тешко се фаќа и се гледа, ќе претставува огромна закана за изборите. Кога ќе ги сублимираме работите, заклучуваме дека растеме, се развиваат работите, последниве години одат во една правилна насока, но треба да се продолжи со работа и да се има трпение“, истакна извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов на панел дискусијата на ЦИВИЛ  на тема  „Какви закони, такви избори“

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ