• Latest
Добро утро со Орданоски

Уставниот предизборен „нож во грбот“ за ВМРО-ДПМНЕ

November 29, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Уставниот предизборен „нож во грбот“ за ВМРО-ДПМНЕ

Оваа епизода доаѓа во најнезгодно време за сегашното ВМРО-ДПМНЕ. Раководството на партијата се обидува предизборно, малку срамежливо, малку поотворено, да се дистанцира од криминалите на своето претходно владеење, бидејќи е свесно дека, за да победи, мора да мобилизира вон-вмровска гласачка поддршка од незадоволните од владеењето на СДСМ. Тој план ќе пропадне доколку се стават на страна на експлицитната гранде-операција на мафијата за сопствено амнестирање. „Сатаната Заев“ може да има и рогови и ѓаволска опашка, но нема многумина неопределени кои би гласале за „она“ нивно ВМРО, кое токму овој гласачки потенцијал го рушеше од власт.

November 29, 2019 06:58
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Во подоцните години  на социјализмот во бивша Југославија се прераскажуваше еден виц кој одеше вака:

На состанок на една основна организација на комунисти се поведува идеолошка расправа за тоа дали може Америка да стане социјалистичка земја? Можеее. Дали може Британија да стане социјалистичка земја? Можеее. Итн. А дали може Луксембург да стане социјалистичка земја? Не може, бидејќи е премала држава за да ја издржи таа голема заебанција!

На овој виц и на епскиот напор во малата Македонија да победи правдата низ воспоставување на големиот концепт за правната држава, ме потсети вчерашната вест дека мнозинството судии во Уставниот суд е на чекор да ги поништи сите судски процеси покренати од СЈО со реактивирање на прочуената одлука за амнестија на несреќникот Ѓорге Иванов од 2015 година. Одлуката на Иванов да ја повлече дадената амнестијата Судот, со мнозинство гласови, ќе ја прогласило за неуставна, што значи дека на сила остануваат претседателските амнестии!

На тој начин, осомничените, пребеганите и осудените инстантно се прогласуваат за недопирливи за правдата, ќе можат да ги задржат сите противправно стекнати материјални и нематеријални користи од своите криминали, а ќе можат и да тужат за претрпена штета од правното „малтретирање“ што им е приредено во постапките што се водени против нив. Отштетите ќе бидат во милиони евра, што ќе треба, извесно, да си ги наплатат од државниот Буџет.

Тоа ќе биде дефинитивен триумф на македонската мафија. Се разбира, прашање е на ден кога на обвинителна клупа – после пресудите за обвиненијата во изведбата на операцијата „Рекет“ – ќе седнат и сите други обвинители од „покојното“ СЈО, но и стотици други знајни и незнајни јунаци заслужни за рушењето на тогашната мафија од власт. Контрареволуцијата мора да биде комплетна, бидејќи во македонската правна држава правда мора да има и таа, за разлика од оваа, мора да се види!

Хахахахахаха… Чекајте, не можам да издржам, ќе се… Хахахахаххааа… Мала држава е Македонија за да ја издржи оваа голема заебанција!

Добро, добро, нема овој ингениозен план на мафијата да помине така лесно, најверојатно воопшто и нема да помине. Но, погледајте ги актуелните политички последици од тајмингот и опсегот на актуелнава уставна судска диверзија…

Оваа епизода доаѓа во најнезгодно време за сегашното ВМРО-ДПМНЕ. Раководството на партијата се обидува предизборно, малку срамежливо, малку поотворено, да се дистанцира од криминалите на своето претходно владеење, бидејќи е свесно дека, за да победи, мора да мобилизира вон-вмровска гласачка поддршка од незадоволните од владеењето на СДСМ. Тој план ќе пропадне доколку се стават на страна на експлицитната гранде-операција на мафијата за сопствено амнестирање. „Сатаната Заев“ може да има и рогови и ѓаволска опашка, но нема многумина неопределени кои би гласале за „она“ нивно ВМРО, кое токму овој гласачки потенцијал го рушеше од власт.

Од друга страна, и оваа уставна иницијатива на СДСМ му користи да докаже дека, колку и да се збунети, неспособни и, воопшто земено, и самите по малку муфљузи на власт, сè уште се далеку подобра алтернатива од друштвото на Грујо, а и тој самиот, амнестиран, триумфално вратен во државата. За СДСМ нема подобар предизборен наратив за сопствена гласачка мобилизација од овој.

Затоа и мислам дека, уште денеска, ВМРО-ДПМНЕ остро и официјално ќе се дистанцира од мнозинството во Уставниот суд. Реториката ќе биде – во ПР-от тоа се вика „stay on message“, држи се до својата порака – за „криминалците од СЈО и од СДСМ“ на кои мора да им се суди и сл.

Во опозицијата, сигурен сум, однесувањето на мнозинството во Уставниот суд правилно ќе го протолкуваат како „нож“ во нивниот опозициски грб.

Како, своевремено, оние малите ножиња во грбот на Груевски. Можеби се истите.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ