Уставниот суд ја усвои Иницијативата за спас на ГТЦ, објави на својот Фејсбук профил, бившата претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и неуморен активист од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, Даница Павловска – Циги.
Уставниот суд ја прифати иницијатива за ГТЦ, со која се обжалува членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Се работи за минатогодишна иницијатива, кога „Го сакам ГТЦ“ ја обжали одлуката на Владата, со што објекти од типот на ГТЦ, Македонската опера и Балет (МОБ) и Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (НУБ), се прогласуваат за „објекти од посебен интерес“ и, практично, се одземаат ингеренциите на Општина Центар.
ЦИВИЛ – Центар за слобода даде целосна поддршка за спас на ГТЦ, и го набљудуваше референдумот што го спроведе Општина Центар.