• Latest

Ужас во Газа: Светот повикува на прекин на огнот

December 14, 2023

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Ужас во Газа: Светот повикува на прекин на огнот

December 14, 2023 15:20
in КОНФЛИКТИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Сериозните прекршувања на меѓународното хуманитарно право, вклучително и воените злосторства, од сите страни во конфликтот меѓу Израел и Палестина продолжуваат со несмалено темпо.

Останува неизвесна судбината на најмалку 200 израелски заложници кои ги киднапира Хамас и други вооружени групи. Засилената израелска опсада на Газа го блокираше влезот на стоки, вклучувајќи вода, храна и гориво, оставајќи повеќе од 2 милиони луѓе во Појасот Газа во услови на преживување.

Хуманитарната катастрофа што произлегува од 16-годишната нелегална израелска блокада на окупираниот Појас Газа само ќе се влоши доколку борбите не престанат веднаш.

Од  Евро-медитеранскиот монитор за човекови права  соопштија  дека во интензивните израелски воздушни и артилериски напади врз Појасот Газа досега се убиени 23.012 Палестинци, меѓу кои 9.077 деца. Бидејќи стотици дополнителни деца остануваат заробени под урнатините на уништените згради со мали шанси за преживување, вкупниот број на смртни случаи на деца најверојатно ќе надмине 10.000.

Меѓу првите светски организации кои повикаа на итен прекин на огнот и ги осудија двете страни за кршењето на човековите права и бруталните напади врз цивилното население, е и ЦИВИЛ- Центар за Слобода.

ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација за човекови права упати најостра осуда за терористичкиот напад на Хамас во Израел, каде што брутално беа убиени 1.300 луѓе, меѓу кои и жени и деца, а киднапирани беа околу 200 луѓе, меѓу кои и странски државјани.

Од организацијата упатија повик за итен прекин на огнот и целосно отворање на сите патишта за хуманитарна помош за настраданото население во Појасот Газа, и упати најостра осуда и протест до израелската влада која е одговорна за неселективното бомбардирање и убивање цивили, уништување на критичната цивилна инфраструктура, егзодусот на 1,1 милион луѓе што го нареди под закана со оган, како и за целосната блокада на снабдувањето на два милиони луѓе со храна, гориво, електрична енергија, вода и лекови.

ЦИВИЛ продолжува со повикот за мир и помирување, заштита на човековите права и почитување на меѓународните договори за заштита на населението во услови на војна,

Амнести  Интернешнл излезе со петиција за прекин на огнот од двете страни во конфликтот, за да се стави крај на страдањата на цивилното население.

„Прекинот на огнот ќе ги запре незаконските напади од сите страни, ќе го запре растечкиот биланс на жртви во Газа и ќе им овозможи на хуманитарните агенции да донесат спасувачка помош, вода и медицински материјали во Појасот за да се справат со неверојатните нивоа на човечко страдање. Тоа, исто така, ќе им овозможи на болниците да добијат лекови кои спасуваат животи, гориво и опрема што им е очајно потребна и да ги поправат оштетените одделенија“, порачува Амнести.

Според оваа голема меѓународна организација, прекинот на огнот, исто така, ќе обезбеди можности за преговори за ослободување на заложниците притворени во Газа и за спроведување независни меѓународни истраги за воените злосторства извршени од сите страни со цел да се стави крај на долгогодишната неказнивост, што ќе продолжи да раѓа дополнителни злосторства.

„Справувањето со основните причини за овој конфликт, со разбивање на израелскиот систем на апартхејд наметнат на Палестинците сега е поитно од кога било“, се вели во петицијата на Амнести.

Генералното собрание на Обединетите нации пред два дена  со големо мнозинство ја усвои необврзувачката резолуција за Блискиот Исток со која се бара хуманитарен прекин на огнот, заштита на цивилите, како и итно и безусловно ослободување на сите заложници и хуманитарен пристап.

Резолуцијата ја поддржаа 153 земји членки, 10 гласаа „против“, а 23 беа „воздржани“. Меѓу земјите кои ја поддржаа резолуцијата за итен прекин на огнот е и Северна Македонија.

Гласањето на Генералното собрание на ОН следува откако САД на 8 декември ставија вето на слична резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Од почетокот на конфликтот на 7 октомври,  според  Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), над 600.000 луѓе се под наредба за евакуација во јужниот дел на Појасот Газа.

ЦИВИЛ продолжува да повикува на мир и помирување, заштита на човековите права и почитување на меѓународните договори за заштита на населението во услови на војна.

Д. Тахири

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ