• Latest

Вајгл ги продолжува разговорите за проектот „Жан Моне“

November 10, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вајгл ги продолжува разговорите за проектот „Жан Моне“

November 10, 2017 10:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европратеникот Иво Вајгл денеска ќе ги продолжи разговорите со претставниците на парламентарните партии во македонското Собрание за, како што изјави, проектот „Жан Моне“ на Европскиот Парламент.

Вајгл претпладнево во македонскиот Парламент ќе се сретне со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Томислав Тунтев и на ДУИ, Ејуп Алими, како и со Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците. Вчера, Вајгл имаше средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на БЕСА, Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати од ДПА.

„Би сакал да разговараме за проектот „Жан Моне“ на Европскиот Парламент што значи покревање на дијалогот на политичките играчи во Македонија и интеракција со парламентарците од Европскиот Парламент“, рече кусо европратеникот Вајгл во изјава за медиумите.

Она што го очекува, како што кажа, „е само добро, кога е во Скопје“. На крајот на октомври европратеникот Вајгл во интервју за емисијата „360 степени“ соопшти дека идејата за средба на лидерите на парламентарните партии е ставена на маса за време на неговата последна посета на Скопје, непосредно по изборот на новата влада, а предлогот добил поддршка и од еврокомесарот Јоханес Хан.

Според тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн кои се иницијатори на идејата, станува збор за неформално отворање процес на дијалог, без присуство на камери, за време на кој би се направил обид да се најде заеднички јазик за одредени прашања. Целта е приближување на ставовите за теми клучни за процесот на интеграција.

Како симбол за заложбите за интеграција во ЕУ, Вајгл, Кукан и Флекенштајн предлагаат овие средби да се одржуваат во Франција, во куќата на таткото на ЕУ, Жан Моне. Европратеникот Вајгл вчера во Скопје имаше средба и со претставници на проектот „Поддршка на Собранието во спроведувањето на реформите“ на Програмата на ЕУ за реформи во Македонија.

По завршувањето на средбите, европратеникот заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар, повторно ќе се сретне со претседателот на Парламентот Талат Џафери, по што се предвидени изјави за медиумите.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Жан Моне“дијалогИво ВајглразговориСамуел Жбогар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ