Британскиот министер за одбрана Бен Валас го предупреди својот руски колега, Сергеј Шојгу, за ескалација на војната на Москва против Украина, објави Вашингтон Пост. Шојгу му телефонираше на Валас и на уште тројца лидери на одбраната во земји членки на НАТО во неделата, тврдејќи дека Украина планира да активира „валкана бомба“ со помош на Западот.
Британското министерство за одбрана на Твитер објави дека Валас „ги отфрли овие тврдења и предупреди дека таквите наводи не треба да се користат како изговор за поголема ескалација“.
Валас го повторил ставот за поддршка на Западот за Украина и желбата за деескалација на конфликтот. Американските власти, исто така, ги негираа тврдењата на Шојгу.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли коментарите на Шојгу во неговото ноќно обраќање, велејќи дека агресорот не е на своја земја, туку дека треба да се врати во Русија.
„Ако Русија се јави и каже дека Украина наводно подготвува нешто, тоа значи едно: Русија веќе го подготви сето ова“ – рече Зеленски.