• Latest

Ванхауте: Федерализацијата не мора да биде зло!

March 15, 2017

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ванхауте: Федерализацијата не мора да биде зло!

March 15, 2017 12:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Да, во Македонија е забрането и да се спомне зборот федерализација. Ако, сепак, го сторите тоа, ве обвинуваат дека сте противник, некој што е против државата и кој сака да ја подели земјата. Тоа неодамна се случи со СДСМ и со Платформата на албанските партии. Таквите обвинувања им користат на оние кои владеат авторитативно“, вели Питер Ванхауте, белгискиот дипломат во текстот објавен на неговиот интернет блог, со наслов „Забранетиот збор-федерализација“.

„Треба да погледнеме зошто федерализацијата не претставува зло, дури и за држава како што е Македонија. Во светски рамки, 40 проценти од населението живее во држави со федеративна структура. Меѓу таквите држави се големите САД и Индија, како и малите, Белгија и Австрија. Повеќето од федералните држави се стабилни и не се склони кон распаѓање“, продолжува Ванхауте во својот текст, каде го објаснува принципот на федерализација.

„Уште од деведесеттите години, често гледаме дека федерализацијата се користи како ефективна алатка за решавање на конфликти. Голема предност е што заедниците можат да добијат еднакви права од централната власт. Тоа создава стабилност која ѝ е потребна на Македонија. Од 2001 година, Македонија де факто има некои карактеристики на федерална држава, со прифаќањето дека владата се формира меѓу една партија од најбројната заедница и една партија од втората најбројна заедница. Но, ова не ги решава сите проблеми“, објаснува белгискиот дипломат.

Ванхауте се осврнува и на јазикот како симбол.

„Еден од најважните симболи на која било заедница е јазикот. Дали луѓето воопшто имаат право да го користат својот мајчин јазик? Да, тие го имаат тоа право. За заедниците со определена големина, логично е да се дозволи образование на нивниот мајчин јазик и да се дозволи, исто така, користење на истиот во локалните сервиси, во болниците или во судовите. Дали може една држава да се распадне доколку овој принцип се прифати? Според мене, ова е основен принцип, да се покаже минимум почит кон луѓето кои живеат заедно со вас, во иста земја. Една од предностите на ваквиот федерален систем, е тоа што им овозможува на луѓето да се чувствуваат добро и да бидат горди на живеењето во нивната земја“.

„Ајде да бидеме сериозни: што ќе биде најголемата опасност за земја како Македонија? Дали се тоа барањата од албанската заедница, за кои е можно добро и ефикасно решение, и покрај тоа што расправата за тоа во парламентот неопходно е да биде поставена соодветно, или тоа е авторитарниот стил на некои од лидерите, кога формирањето на влада поддржана од мнозинството од членовите на парламентот е блокирана, каде што не може да се организираат локални избори, систем што е блиску до целосен колапс?“, прашува Ванхауте.

„Без разлика на сугестиите на некои политички лидери и партии во Македонија, државата нема да се распадне со прифаќање на фактот дека сите граѓани се еднакви. Државата нема да исчезне со признавање на вториот јазик. Напротив, признавањето дека живеете на крстосницата на различни култури претставува добивка. Вашата економија, образование, научни истражувања и култура можат да имаат полза од тоа. Разновидноста е алатка за јакнење на државата, која ви е потребна да создадете подобра иднина“, е заклучокот на Питер Ванхауте.

Tags: авторитарна властвладаизборијазикПитер Ванхаутефедерализација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ