Заев направи три крупни упади во редефинирањето на рецептите и соодносот на мирудиите во овдешното партиско кулинарство. И за трите интервенции многумина партиски дејци уште долго нема да му простат… За да се измери вистинскиот демократски капацитет на СДСМ, сега е моментот сите кои мислат дека треба да се кандидираат за лидерското место во партијата тоа и да го сторат. Оти, во политиката, за оние кои подолгорочно се гледаат во таа професија, не мора секогаш да се оди на „сигурна“ победа – и начинот на кој ќе изгубиш може да е влог во идната, а и сегашна, успешна кариера, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ќе извади ли СДСМ билет во еден правец?“.
ВАНХАУТЕ: За мене состојбата е мошне комплицирана, бидејќи веќе се соочувате со различни видови проблеми. Не е само исходот од локалните избори, за нив сметам дека генерално беа во ред. Значи, исходот се испочитува и работите продолжија понатаму. Главниот проблем е на национално, државно ниво. Сметам дека не е добро тоа што премиерот на средината на мандатот поднесува оставка, имајќи го предвид фактот дека вие се соочувате со низа кризи. Имате процес на пристапување кон ЕУ, што моментално е комплициран, така што треба да најдете начини да разговарате со ЕУ. Ако нема премиер, кој ќе разговара со ЕУ утре?
Во ова ексклузивно интервју, познатиот меѓународен медијатор и експерт, Питер Ванхауте, без дипломатски ракавици, говори за најжешките политички прашања. Во прилог е видеото и превод на целосниот транскрипт на македонски јазик.
СРЕДБА Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска ќе одржат нова средба за тоа дали партијата ќе се приклучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок.
КАМПАЊА „Не постои резервна планета“ е слоганот на новата кампања „„ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор, што ќе ја промовираат денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Целта на кампањата е да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.
БУЏЕТ Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска е трет ден за амандманска расправа по Предлог-буџетот за следната година. Поднесени се вкупно 223 амандмани, а расправата треба да заврши задутре.
ПРИЗНАНИЕ Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе им бидат доделени награди и стимулативни мерки на припадниците на Армијата за успешното справување со пожарите коија зафатија територијата на државава. На доделувањето на наградите ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
ОНЈАЛН ДЕБАТА Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Институтот РЕСИС денеска организираат онлајн дебата на тема „Анализа на родовите аспекти во ТВ програмите за деца: Градиме ли критичка свесност кај децата?“.