„Нов модерен устав за модерна македонска нација која ги преминала болките кои ги имала во минатото, мислам на конфликтот 2001, меѓутоа и на олигархискиот грабеж кој и се случи на Македонија и фактички оваа колонијална положба во која се наоѓаме“, рече кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска на вчерашниот собир пред кумановци.
Да се достои, рече таа, значи да се опстои на принципите на кои е изградена државата, тие се левичарски принципи на македонската револуционерна организација и АСНОМ. Ако си ги вратиме и опстоиме на тие идеали само тогаш ќе можеме себе да се наречеме и горди луѓе.
Договорите кои ги оспорувам во програмата се трите кои ни се наметнати однадвор или под наислство или посредување на странци, листата на барања очигледно не престанува очигледно дека прашањето на Уставот останува клучна тема на оваа т.н. дебата, бидејќи дебата нема кандидатите не сакаат да се соочат, кажа Ванковска.
Н. А.