По тврдењата на некои македонски политичари во изминатите месеци дека може да има промена Преговарачката рамка за земјава еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји во интервју за БГНЕС тврди дека Преговарачката рамка нема да се смени и дека тој не смета оти земјите-членки на Европската Унија сакаат да ги преразгледуваат условите што ги има Северна Македонија.
– Критериумите се многу јасни уште од 2022 година кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие мора да се исполнат и во таа смислам не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите-членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие треба да се исполнат, изјави Вархеји, одговарајќи на прашањето дали има некаква можност за промена на условите кои треба да ги исполни Северна Македонија.
Вархеји, како што вели, се надева дека веднаш по изборите новата влада во Скопје ќе се зафати за ова прашање за да се продолжи со исполнувањето на критериумите.