• Latest

ЦИВИЛ: Веднаш да се стави крај на насилството и на злоупотребата на малолетниците!

March 3, 2017

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Веднаш да се стави крај на насилството и на злоупотребата на малолетниците!

March 3, 2017 17:37
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода со згрозеност и најостра осуда ги следи изразите на политичка и етничка омраза и актите на политичко насилство. Сведоци сме на разбојничко однесување на самонаречени патриоти и бранители на идентитетот и суверенитетот на Република Македонија!

Индоктринацијата и злоупотребата на малолетници за спроведување акти на политичко насилство се крајно неприфатливи. Инспираторите на насилството во изминатите неколку дена мора веднаш да се повикаат на одговорност.

Ги повикуваме институциите, пред сè, полицијата и обвинителството, веднаш да преземат законски мерки и да го спречат насилството.

Ги повикуваме родителите и наставниот кадар да ги држат малолетниците настрана од политиката и од постапките со кои се поттикнува омраза и политичко насилство. Тие не смеат да дозволат децата и младите да бидат дел од страотните сценарија на структури кои само се обидуваат да ја избегнат правдата за криминалното владеење, злоупотребите и изборните измами.

Ги повикуваме лидерите на заедниците и совесните политичари на локално и национално ниво од сите партии, да излезат со јавна осуда на говорот на омразата и насилството. Тие мораат да излезат на терен, да разговараат со граѓанките и граѓаните и да ги повикаат на надминување на разликите преку разговор и аргументирана дебата.

Инспираторите и организаторите на насилничките акти во кои се вовлечени малолетници ќе одговараат и пред јавноста и пред законот. Инспираторите на разбојничкото и вулгарно промовирање на етно-националистичката хистерија ќе бидат запаметени како деструктивни елементи кои ги подриваат темелите на земјата за кои лажат дека ги бранат. Тие ќе бидат повикани на одговорност и пред јавноста и пред законот!

Фасадите паднаа одамна. Ги повикуваме сега да се соочат со последиците од своето криминално дејствување.

Да се потсетиме… Високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, непосредно по изборите на 11 декември 2016 година, излегоа со говори и декларации кои наликуваа на нацистичките од 30-те години на минатиот век. Во меѓувреме, долгогодишниот владин компањон и соучесник на Груевски, Али Ахмети, ни оддалеку не придонесе кон надминување на експлозивната состојба во земјата, туку ѝ одеше од рака на една деструктивна политика. Претседателот Иванов, со инфламаторен речник и без осуда за насилствата, уште еднаш го прекрши Уставот и на 1 март не го даде мандатот за составување на влада.

Мора веднаш да се стави крај на насилството и на злоупотребата на малолетниците!

Tags: IvanovзлоупотребаинституциималолетнициосудаПритисокЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ