Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека неговата земја ќе обезбеди тенкови „Челинџер 2“ и други артилериски системи за поддршка на Украина, пренесува МИА.
Сунак ветил помош по денешниот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, се вели во соопштението од канцеларијата на Даунинг стрит.
Во соопштението не е прецизирано кога и колку тенкови ќе бидат испорачани.
Британските медиуми, без да наведат извори, објавија дека четири од главните борбени тенкови „Челинџер 2“ на британската армија веднаш ќе бидат испратени во Источна Европа, а ќе следат уште осум.