Кинеското присуство во Северна Македонија започнува во 2011 година, со учество во кинеската иницијатива „Појас и пат“, но, сиве овие години медиумите не се многу заинтересирани за критички поглед на тоа присуство. За ова разговаравме со новинари и експерти кои за Гласот на Америка ги изнесоа своите согледувања.
За доминацијата на кинеската пропаганда во македонските медиуми и пошироко во регионот, потврдува и специјалистката за релациите Кина – Европска Унија – Западен Балкан, Ана Крстиновска.
„Србија има најголем извоз кон Кина. Неодамна потпишаа договор за слободна трговија, имаат најмногу кинески директни инвестиции вклучително и гринфилд инвестиции меѓутоа сето тоа се должи на своевидна награда од Кина кон Србија затоа што Србија од своја страна, пак, ги штити интересите на Кина на Балканот и во Европа. Ги застапува односно се усогласува со кинеските позиции во меѓународни организации, преку српските, пред се` провладини медиуми, кинеската визија за светот и нејзините идеи за промена во глобалното уредување продираат насекаде не само во Србија, заради тоа што и ние, и во Босна и во Црна Гора, и Кина прави нешто што ние го нарекуваме позитивна условеност, односно ја наградува Србија за нејзината политичка посветеност со економски придобивки“, вели претседателката на „Естима“, Ана Крстиновска.
Новинарите и експертите се согласни за ризикот дека економската зависност на Северна Македонија кон Кина може да биде искористена за политичките цели на Кина, што не се линија на националните стратешки интереси.
Новинарите и експертите се согласни за ризикот дека економската зависност на Северна Македонија кон Кина може да биде искористена за политичките цели на Кина, што не се линија на националните стратешки интереси.