• Latest

(ВИДЕО) Димитровска: Гласачкото место мора да биде пристапно за лицата со попреченост

May 13, 2021
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

(ВИДЕО) Димитровска: Гласачкото место мора да биде пристапно за лицата со попреченост

May 13, 2021 14:43
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 12 мај во хотел Парк&Спа Резиденс се одржа уште една во низата на успешни панел-дискусии на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“ Една од говорничките беше претседателката на здружението „Инклузива“ Благица Димитровска која  зборуваше за можноста за остварување на правото на глас на лицата со попреченост.

Подобрен е односот на  институциите во соработка со невладиниот сектор. Имаме соработка која што претходно не беше така. Но сепак, негативно е што секогаш се гледа дека политичките партии одлучуваат, а не институциите, луѓето кои се назначени да ги спроведуваат сите политики што се донесуваат од законодавниот дом.

„Во однос на лицата со попреченост, има позитивни померања. Ние почнавме во 2016, а со извештајот од 2020 се разликува многу. Тоа е благодарение на таа соработка која на воспоставивме со институциите но и секако со вас набљудувачите, кои не поддржаа цело време во нашите напори, оваа категорија малку повеќе да добие права затоа што имаат еднакви права според сите документи ко се потпишани од страна на нашата држава, особено конвенцијата за правата на лицата со попреченост каде што е опфатено и изборното право и правото на учество во политичкиот живот“, изјави Димитровска на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“.

Подобрувањата се однесуваат во однос на информирањето на гласачите со попреченост и подготовка на материјали за поддршка на правото на глас на гласачките места. Она што останува нерешено е непристапноста на гласачките места. Бројката на процентот е пгромна,76%, тоа е огромна непристапност што не важи само за гласачите. Тука сите граѓани ги остваруваат своите права, дали се тоа образовни институции каде што се гласа, најголемиот број на гласачките места се токму училиштата, каде што има ученици со попреченост, сега има закон за инклузивно образование но многу малку се работи на пристапноста. Ние бараме во изборниот законик при изборот на гласачко место да постојат стандарди. Значи мора да биде пристапно за овие луѓе.

„Најгорливото прашање е за една категорија граѓани што им е одземена деловната способност што го губат правот она глас, го губат правот на избор, го губат правото на самостојност. Тие веќе ништо не одлучуваат, не можат да одлучат за себе. Тие се прогласени за неважечки граѓани во нашата држава, затоа што ги нема во избирачкиот список, затоа што некој друг одлучува наместо него и затоа што и да се појават на гласачкото место, тие не можат да гласаат.  А тоа веќе спаѓа во одземање на човекови права. Ние ова го бараме и се преклопува со препораката на ОБСЕ и ОДХР уште во 2016 година, а кога го бараме одговорот е секогаш дека многу закони се поврзани дури и Уставот. Ако се сака, а овие луѓе имаат право, нема да прашуваме веќе дали сакаме или можеме, туку мораме да го направиме тоа заеднички затоа што тие се граѓани. Кога некого ке прогласиш за неважечка личност, тоа веќе ги поминува сите граници на возможна толеранција. Значи човек, најинтелигентното суштество на планетата Земја, да му се одземе право на глас без да се праша, тоа веќе не знам во што спаѓа.“ истакна Димитровска.

Тука треба да се смени уставот и повеќе други закони. Тоа ќе го бараме уште по жестоко и понатаму.

Неминовно е да се изготви нов Изборен законик каде што сите членови ќе се усогласат според одредбите на конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Нашите препораки се ставени во делот на табелата на препораките на ОБСЕ  и ОДХР, и понатаму со министерството за правда ќе бидеме во комуникација и тука наидовме на големо разбирање и голема поддршка и се надевам дека барем нешто понатака ќе издејствуваме во новиот Изборен законик.

Ирена Крџиќ

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Игор Чадиноски

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ