Па, ќе ви кажам дека црната листа на САД е многу значајна. За некој да се најде на таа црна листа, кој не беше само политичар, туку поранешен висок функционер во Северна Македонија, вицепремиер, значи дека ова не е само бизнис круг. Ова се многу значајни поранешни функционери, нема нешто многу повисоко од поранешен вицепремиер, а и не треба да се исклучува ниту едно име.
Видете, поранешниот премиер Никола Груевски беше ставен на оваа листа минатата година од страна на Соединетите Држави за „значителна корупција“. Ова беше терминот што САД го користеа. Јас едноставно цитирам од офијалното соопштение на САД. Значи, ова опфаќа политичари и ова е порака, навистина, мислам дека паметните политичари сега би требале да сфатат пред изборите кои се најавени. Значи, знаеме дека претстојат избори на пролет, истакна Едвард Џозеф, експерт за управување со конфликти со петнаесетгодишно искуство на терен, и предавач и аналитичар за надворешна политика, на прашањето на Цивил Медиа дали смета дека неодамнешното дополнување на Црната листа на САД со уште еден претставник на бизнис заедница поврзан со политичките структури, го стеснува кругот и дека следни на листата ќе бидат поранешен или сегашни политичари поврзани си висока корупција?