• Latest

(ВИДЕО) Изборниот успех на хрватската политичка платформа „Можеме“ и неколку други интересни најави

June 1, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(ВИДЕО) Изборниот успех на хрватската политичка платформа „Можеме“ и неколку други интересни најави

June 1, 2021 16:58
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ во живо е видео прилог на Фејсбук кој се емитува во работните денови во раните попладневни часови. Едитираната верзија се објавува на Јутуб и во дневниот пресек на настани на Цивил во 17 часот. Во денешното издание, слушнете за изборниот успех на хрватската политичка платформа „Можеме“ со најава за интервјуто со Богдан Босанац, борец за човекови права и слободи од Република Хрватска, „Можеме ли заедно?“, јавен настан на ЦИВИЛ што ќе се одржи утре, и анализата на Александар Николиќ Писарев „Сенки од минатото“.

Денеска би сакал само да најавам неколку содржини, а пред се да кажам дека имав посебно задоволство да водам едно кратко интервју со Богдан Босанац, еден од најистакнатите борци за човекови права и слободи во Република Хрватска, кој инаку е и еден од најистакнатите луѓе на партијата „Можеме“ која во коалиција со неколку зелени и левичарски иницијативи, политички и граѓански, освоија неверојатен број на гласови во Загреб. Градот Загреб е сега во рацете на зелено левичарската коалиција на Томислав Томашевиќ. Богдан Босанац е инаку еден од тие што дваесет години  наназад се борат за јавното добро, за човековите права, се борат против национализмот во Хрватска, и сега имаат прилика тој и неговата коалиција да покажат и да докажат што можат да направат во наредниот мандат на локално ниво, во градот Загреб. Но, да не заборавиме дека тие освоија мнозинство и градоначалнички места во Сплит и Ријека. Сплит е втор по големина во Република Хрватска.

Зошто е ова важно за нас? Се разбира, освен тоа што Хрватска е наша пријателска земја, имаме многу сличности, имаме многу заеднички минати години и децении, исто така е важно да се каже, а тоа ќе го открие и интервјуто кое верувам дека  ќе го објавиме подоцна. Важно е затоа што во текот на кампањата на локалните избори во Република Хрватска беа препознатливи црната кампања и кампањите за дезинформации, кои со многу нешта потсетија токму на нашите прилики, како во текот на изборните прилики, така и во други важни, клучни процеси, кои се одвиваат во нашата земја. Забележуваме ист вокабулар, забележуваме ист начин на водење црна кампања, напади ад-хоминем, со дискредитација, и со користење, особено на интернет медиумите, ќе дознаете многу повеќе за тоа во 12-13 минутното интервју откако ќе биде исчистено од тие пречки што секако ги има во интернет комуникацијата. Јас би ве поканил тоа да го видите, исто така, кога веќе зборуваме дали и колку можеме, и ние го поставуваме прашањето можеме ли…

„Можеме ли заедно“ е наслов на јавниот настан што ќе се одржи утре, во 13 часот, ќе биде онлајн, и сите ваши прашања се повеќе од добредојдени, почнувајќи од сега, се разбира. Настанот ќе биде во живо, со ТВ екипите, за жал, се уште не можеме да отвориме за публика, иако навистина има голем интерес, за што ми е многу драго,  и благодарам за тоа. „Можеме ли заедно“ е тема на јавниот настан на кој ќе се обидеме да дадеме одговор на ова прашање, дали различните заедници во нашето општество можат да живеат и да работат заедно, какви се придобивките од работата и живеењето заедно итн. Што се однесува до прашањата, моите колешки и колеги ви го поставуваат, погледнете на нашата Фејсбук страница, поставуваат едно прашање што се однесува на живите свирки. Дали и зошто треба да има живи свирки во локалите, откако се олабавија мерките за заштита од Ковид-19. Мене не ме прашувајте, нема да ви го кажам моето мислење за тоа, но се разбира, вашето мислење е повеќе од добредојдено.

Не знам дали сте забележале, секогаш кога имаме некое прашање, потоа од изборот од одговорите се формулира во текст за понатаму да остане во помнење, бидејќи Фејсбук сепак трае неколку минути или неколку часа, меѓутоа, потоа се губат тие одговори, но затоа сме ние тука да ги зачуваме, да биде тоа документ, сведоштво за тоа што вие муслите, како мислите, што предлагате, и секако, тоа е и дел од нашата комуникација со институциите.

Минатата недела беше најавено дека во текот на минатиот викенд ќе објавиме една опширна анализа, под наслов „Сенките на минатото“, од познатиот аналитичар Александар Николиќ Писарев, кој добро го запомнивме и по претходните анализи, едната за руското влијание на западен Балкан, а претходно и други важни анализи за други процеси и настани, а овој пат тој зборува за сенките од минатото. Тоа е една обемна анализа која тој ја подготви за ЦИВИЛ МЕДИА, медиумската платформа на ЦИВИЛ, и се разбира ќе ја објавиме, но за време на викендот имавме друг фокус па затоа е поместено објавувањето на анализата.

Можеме ли заедно, дали и зошто свирки во живо и Сенките од минатото, тоа се што сакав да најавам, и се гледаме повторно утре.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ