На Меѓународната конференција за човекови права „Слобода или страв“ што денеска се одржа во Кијив, Украина, свое обраќање имаше и Роб Беренс, парламентарен омбудсман на Обединетото Кралство.
На панелот „Слобода од страв: Алгоритам за обезбедување ефективни безбедносни гаранции засновани на владеење на правото“, Беренс истакна дека тие се првата интернационална институција која ги отфрли Русите од редовите на нивната организација, односно нивната мрежа на омбудсмани.
Според Беренс, таа постапка е знак на доследност, каква што е потребна во вакви услови. На руските претставници, едноставно, не им е местото во таква институција, додека нивната држава го прави токму спротивното на тоа за кое тие само декларативно се залагаат членувајќи во такви меѓународни организации, институции и форуми.
Б. Ј.