Поранешниот претседател Доналд Трамп беше евакуиран од бината на митинг во Пенсилванија откако се слушнаа истрели, јавуват американските медиуми.
Додека тој држеше говор се слушнаа 4-5 истрели и тој падна на земја на митингот во Батлер, Пенсилванија, во саботата вечерта.
Американската тајната служба вели дека Трамп е безбеден и под заштитни мерки. Портпаролот рече дека Трамп е „добро“ и го нарече инцидентот како „гнасен чин“, но деталите за тоа што точно се случило остануваат нејасни.
Трамп беше преплавен од агенти на сцената откако се слушнаа истрелите. На неговото лице можеше да се види крв, а тој ја крена тупаницата кон толпата додека беше евакуиран.
Овој инцидент се случи по напорниот ден на кампања и за Трамп и за претседателот Џо Бајден во претседателската трка во 2024 година.
Назми Абдурахмани