• Latest

Високи извори од СДСМ ја потврдуваат веста на „Фронтлајн“ од 11 декември, Маричиќ прв вицепремиер на местото на Груби

January 25, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Високи извори од СДСМ ја потврдуваат веста на „Фронтлајн“ од 11 декември, Маричиќ прв вицепремиер на местото на Груби

January 25, 2024 12:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како што прв објави „Фронтлајн“ на 11 декември 2023 година – во техничката Влада, СДСМ ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер.

Високи партиски извори од СДСМ за „Фронтлајн“потврдуваат дека оваа функција ќе им припадне и дека ќе ја води актуелниот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ.

За оваа функција од СДСМ кандидат беше и актуелниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, но социјалдемократите одлучија да биде Бојан Маричиќ, наведува изворот.

Кандидатот за технички премиер, актуелниот претседател на Собранието – Талат Џафери, на последниот брифинг со новинари како прв парламентарец, рече дека: „Нема причина да се оптоварува прашањето за евентуални промени во составот на техничката влада, изјави идниот технички премиер на Северна Македонија“.

Тој истакна дека евентуалните кадровски промени се одговорност на политичките партии.

– Во секој случај, тоа е надлежност на партиските органи кои имаат надлежност и право да бидат дел од таа Влада, така што нема причина да коментирам за нечија одлука, како ќе биде, подвлече Џафери.

Функцијата прв вицепремиер во Владата за прв пат ја промовираше Артан Груби од Демократската унија за интеграција. „Фронтлајн“ дознава дека Груби останува вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците и во техничката влада.

Техничка Влада предводена од Талат Џафери ќе биде трета по ред. Првата беше предводена од Емил Димитриев и поради тоа што не можеше да се формира подолго време, тој ја предводеше техничката влада од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година. Втората техничка Влада ја предводеше актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски од 3 јануари 2020 до 30 август 2020 година.

Четирите тогашни најголеми партии на 2 јуни 2015 година постигнаа договор 100 дена пред наредните парламентарни избори со државата да раководи Влада за спроведување избори. Пржинскиот договор бил потпишан од водачите на четирите најголеми политички партии во тоа време: Зоран Заев – СДСМ, Никола Груевски – ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети – ДУИ и Мендух Тачи – ДПА.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Tags: ГрубиМаричиќтехничка влада
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ