• Latest

Владата дополнително ќе ги покачи пензиите, ако тоа го дозволува државната каса

August 18, 2017

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата дополнително ќе ги покачи пензиите, ако тоа го дозволува државната каса

August 18, 2017 16:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика испрати соопштение до јавноста во кое потенцира дека ќе нема кратење на пензиите и дека тоа е дезинформација на сегашната опозиција.

Според МТСП, претходната влада, предводена од ВМРО ДПМНЕ, не предвидела никакво покачување на пензиите при донесувањето на Буџетот за 2017 година. Со донесување на ребалансот на Буџетот за 2017 година, од страна на актуелната влада,  се обезбедени средства за усогласување и исплата на пензиите до крајот на 2017 година.

„Владата предводена од СДСМ никогаш нема да работи спротивно од интересите награѓаните, ниту пак, ќе манипулира со нив како што тоа го правеше и сè уште го прави ВМРО-ДПМНЕ. Се остваруваат дадените ветувања и се спроведуваат зацртаните реформи што носат повисоки плати и пензии, нови работни места и унапредување на социјалната заштита“, тврди СДСМ.

И според министерката Мила Царовска, нема кратење на стекнатото право на пензионерите, туку само почитување на законот кој овозможува пензионерите годишно да добијат зголемување повеќе од 5 отсто, колку што добиваа досега, но по финансиска анализа на состојбата на буџетот и на можностите, пензиите ќе се зголемуваат дополнително. Во согласност со Законот за пензиите и членот од Законот за усогласувањето со растот на трошоците за живот и растот на платите, според Царовска, секој пензионер ќе добива по 180 денари секој месец, од јануари до декември, или за 2017 година – 2.160 денари. Според „Плусинфо“, Царовска истакнала дека „на крајот од секоја година, по анализа на состојбата на буџетот и можностите ќе се зголемуваат пензиите дополнително, а тоа секако, ќе зависи од финансиската анализа“.

„Усогласувањето на пензиите во 2017 година се врши согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Имено, усогласувањето на пензијата се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот  на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%… Со оваа формула на усогласување на пензиите се обезбедува еднаквост на корисниците на пензијата, бидејќи пензијата е лично право и се остварува од остварениот работен стаж и платите. Претходните решенија за усогласување на пензиите во номинален износ, односно за сите еднаков износ, е решение кое може да се примени во услови кога се остварува ‘државна пензија’ која се финансира од даноци и не зависи од работен стаж. Во услови кога пензискиот систем се основа на стаж на осигурување и остварени плати, усогласувањето на пензиите треба да биде на секоја индивидуална пензија“, се вели во соопштението на МСТП, во кое се додава и дека „усогласувањето на пензиите од 1 јануари 2017 година изнесуваше 0,82%, а усогласувањето на пензиите од 1 јули 2017 година ќе изнесува околу 1%“, како и дека „Владата на крајот на годината ќе ја разгледа можноста да се изврши и дополнително зголемување на пензиите“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „пропорционалното зголемување на пензиите е модел кој тргнува од основицата. Така, оние кои земаат мала пензија ќе добијат минимално зголемување, додека оние кои примаат највисоки пензии ќе добијат максимално зголемување“, па затоа, „оваа мерка на Владата на СДСМ, не е во прилог на пензионерите и на нивниот животен стандард, со оглед на фактот дека огромен дел на пензионери не примаат високи пензии“

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаВМРО-ДПМНЕлинеарно покачувањеМТСПпензииСДСМсоцијалаЦаровска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ