• Latest

Владата охрабрена за продлабочување на економските врски со Германија

February 21, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата охрабрена за продлабочување на економските врски со Германија

February 21, 2018 12:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Заев како дел од програмата на неговата и на посетата на вицепремиерите Шекеринска и Османи на СР Германија, денеска во Берлин имаше средба со претставници на Германската комора за индустрија и трговија предводена од заменик директорот на комората, д-р Волкер Трејер.

На средбата  двете страни изразија големо задоволство од досегашните економски врски меѓу Македонија и  Германија, како и од добрите политички релации и од тие причини се очекува нивно натамошно охрабрување и подобрување.

Претставниците на германската комора ги понудија своите капацитети како линк меѓу можностите за инвестирање во Македонија и германските компании со кои соработуваат и истакнаа дека сакаат да го поддржат процесот на зачленување на Република Македонија во Европската Унија.

На средбата се разговараше и за концептите за развој на средно стручно образование за кои во Македонија се заинтересирани германските компании со цел да се зајакне капацитетот на стручните кадри со фокус на создавање квалитетни механичари и механик-електроничари.

Како особено важна се потенцираше и врската меѓу теоријата и практиката која има за цел да произведе стручен кадар што ни е потребен на нашата, но и на германската економија.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Германијад-р Волкер ТрејерекономијаЗоран ЗаевинвестицииМакедонијаполитички релации
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result