• Latest

Владата со итни мерки против загадувањето на воздухот

December 15, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата со итни мерки против загадувањето на воздухот

December 15, 2017 16:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на премиерот Зоран Заев, Интервентната акциска група за координација на информациите и активностите за итни мерки во борбата против загадувањето на воздухот, составена од претставници на Кабинетот на премиерот, Министерството за животна средина и градот Скопје, денеска одржа состанок на кој беа дефинирани итните мерки против загадувањето.

Одлуките на Интервентната група стапуваат на сила денеска. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Владата.

„Согласно оваа Уредба од денеска, доколку среднодневната концетрација на ПМ 10 честичките е над прагот во текот на два, наместо досегашните 5 дена, е над 200 милиграми нa метар кубен, и доколку праговите се измерени на најмалку две мерни станици во градот Скопје, односно на 50% од бројот на поставени станици во било кое населено место, стапуваат на сила следните мерки:

Министерството за животна средина и министерството за здравство се должни да:

– Ги ослободуваат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хрoнична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста

– Го реорганизираат работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот.

– Ја спроведуваат забраната за одржува спортски натпревари и други манифестации на отворено.

– Обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат следните мерки и активности:

– Намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз

– Бесплатен јавен превоз

– Зголемена фрекфенција на автобуси на јсп на сите дестинации

– Дневно чистење на улиците и пешачките површини

– Да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.

– Обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот

– Да издаваат одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот наутро.

Градежните компании имаат обврска:

– Да користарт вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.)

– Имаат обврска градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро

Државниот инспекторат за животна средина:

– Да го следи ограничувањето на емисиите од Б-ИСКЗ, односно Б-Интегрирани еколошки дозволи, и помалите инсталации (Малите стопански капацитети)

– Да ја зачести контролата на инсталациите кои што поседуваат А–ИСКЗ дозвола; Да се спроведат контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во дозволата по однос на емисиите во воздух, и истите ќе добијат и препорака да го намалат производството за 50 %.

Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе:

– Одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата)

Владата на Република Македонија:

– Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпрјатијата и ад во државна сопственост, како и на елс да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила

– Да обзебеди ограничување на работите на објектите каде што се гради

Владата исто така ја разгледува можноста за интервентна набавка на опрема за лична заштита од загадениот воздух, маски со филтри за прочистување, како и за набавка на прочитувачи за воздух за училиштата, здравствените центри и градинките“, се вели во соопштението.

М.И.

Tags: владавоздухДржавен инспекторат за животна срединаМВРмеркиМинистерство за здравствосоопштение
Share62TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ