• Latest

Власта во заминување да им се извини на младите на кои им ја прокоцка иднината!

May 24, 2017
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Власта во заминување да им се извини на младите на кои им ја прокоцка иднината!

May 24, 2017 15:45
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението Млади европски федералисти – ЏЕФ Македонија, во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“, одржа јавна дебата насловена „Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“ како дел од серијата „Europe Talks” – дебати, предвидени за 2017 година.

Панелистите имаа можност да дискутираат за тоа до каде е Македонија на патот кон Европската унија, за притисокот што го врши политичката криза врз интеграцијата кон европското семејство, за политичките настани кои придонесуваат кон доближување и одалечување на Македонија од ЕУ и за нивното влијание врз развојот на демократското општество, како и за посветеноста на европските претставници на решавањето на кризата.

„Од 2014 година кога дојдов во Македонија, земјата изгуби многу време за решавање на политичката криза, но сепак, сметам дека сега е вистинското време за поставување на вистинската насока. Германија, а со тоа и Европската унија, се пријатели на Македонија и многу ѝ помагаат, иако не секогаш тоа сите го ценат. Но, тоа е нашата работа. Има голем интерес во Берлин за случувањата во Македонија и во иднина би сакала повеќе да слушам за позитивни случувања и работи“, истакна германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, осврнувајќи се и на улогата на младите во излезот од политичката криза.

„Македонија пропушти да воспостави контролен механизам врз власта, што е еден од основните принципи за влез во ЕУ. Поделбата на власта, обезбедувањето услови во кои опозицијата може да функционира, слободни медиуми и слободен простор за граѓанските организации, се четирите работи кои ги пропуштивме да ги воспоставиме во изминатиот период“, смета професорот Нано Ружин, според кого, охридскиот Рамковен договор е брана на стабилноста на Македонија.

Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум, се осврна на позицијата на младите во Македонија и на промените во перцепцијата за младите како пасивни и незаинтересирани за својата улога во општеството. „Младите се придвижуваат спротивно на инсистирањето на Собранието да ги контролира, заедно со безначајната Агенција за млади и спорт. И Македонија да не успее да влезе во ЕУ, младите кои секојдневно емигрираат, сигурно ќе бидат дел од Унијата“, смета Костуранова.

За односот на Европската унија кон Македонија зборуваше и поранешниот амбасадор Никола Димитров, според кого, ЕУ поради блокадата на Грција не беше во можност да ја награди Македонија, но не ја ни казни. „Барав од Брисел, особено пред изборите во декември, Унијата да биде конкретна и да каже што ја чека Македонија ако повторно биде водена од досегашната владејачка партија, но тоа не се случи. Од држава која во 2001 година беше голем успех во контекст на придвижување кон НАТО, успеавме да бидеме голем кошмар. Држава која со месеци се мачи за мирен трансфер на власта“, смета Димитров, според кого, „колку подобри сме подбри во спроведување на реформите, толку за Грција ќе биде потешко да нè блокира“.

„Принципот дека стабилноста е поважна од демократија, често е злоупотребен од балканските автократи, како што е случајот со Никола Груевски. Тука доаѓаат до израз и меѓуетничките односи. Што се однесува на односот на Македонија кон ЕУ, постојат две пречки. Една е надворешна, а тоа е Грција, а внатрешната е фактот што Македонија е заробена држава“, е ставот на Бојан Маричиќ од „Евротинк“.

За професорката Беса Арифи, траекторијата по која се движи Македонија кон ЕУ, започна позитивно во нагорен правец, со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација, но во последните 10 години, Македонија постојано назадува.

„ЕУ веруваше во нас тогаш, но во 2016 та, во Извештајот бевме квалификувани како заробена држава, што е голем пораз за нас, потврда за тоа дека не се движиме во вистинска насока. Власта во заминување треба да го објасни ова и да им се извини, особено на младите на кои им ја прокоцка иднината“, смета Арифи.

На дебатата организирана по повод 26 години ЏЕФ Македонија, учествува и Светлана Сиљаноска од ЏЕФ, експертката за граѓанско општество Тања Хафнер Адеми и Блажен Малески од НМСМ. Модератори на настанот беа Дамир Незири и Огнен Јанески.

Текст и фото: Марија Теговска

Tags: ЕУзаробена државаМакедонијамладинадворешна политикаопозицијаСобраниеЏЕФ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ