• Latest

ВЛЕН цврсто и непоколебливо застанува во одбрана на интересите на Албанците и европската иднина на Северна Македонија

August 29, 2024

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВЛЕН цврсто и непоколебливо застанува во одбрана на интересите на Албанците и европската иднина на Северна Македонија

August 29, 2024 10:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата ВЛЕН цврсто и непоколебливо застанува во одбрана на интересите на Албанците и европската иднина на Северна Македонија. И покрај организираните напади и шпекулациите од страна на Недемократската Унија за Дезинтеграција, ние продолжуваме да градиме мостови на соработка на домашно, регионално и меѓународно ниво. Посетата на првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, во Албанија, каде што оствари средби со државниот врв на Албанија, ги потврди нашите силни и братски врски се вели во соопштението на коалицијата ВЛЕН која е дел од Владата.

Исто така, посетата на министерот за евроинтеграции, Орхан Муртезани, во Австрија, со цел напредокот на интеграцијата на земјата во Европската Унија, ја потврдува нашата решителност за динамизирање на евроинтегративната агенда. Во исто време, ДУИ, која е затрупана со корупциски скандали, продолжува да игра опасна игра со единствена цел да ги користи Албанците како штит за да избегне правдата. Но, правдата ќе ги стигне, велат од ВЛЕН.

Понатаму во соопштението додаваат дека додека нивните мегафони добиле задача да шират фама дека Али Ахмети наводно е на линија на ЦИА, всушност не само што прават уште еден фаул туку и ја сокриваат суровата вистина. После бојкотот на вториот круг на претседателските избори, непристојните понуди кон ВМРО-ДПМНЕ за влез во Влада без никакво достоинство и услови, корупциските скандали на фамилијата на Ахмети,  ДУИ без програмски и кадровски реформи е замрзнат на неодредено време. Притоа, јасно им е потенцирано дека секое играње по Руски ноти и предизвикување тензии ќе биде најостро санкционирано.

Се друго се обични бајки наменети за збивање на редовите на ДУИ и таканаречениот Европски фронт. Време е сите да разберат дека ВЛЕН нема да дозволи темната игра на манипулации и шеми за тензии да ги направи Албанците жртви на една политичка корумпирана клика која 22 години се богатеше на нивниот грб. Ние ќе продолжиме да се бориме за интересите на нашиот народ и со посветена работа да го обезбедиме сигурниот напредок на нашата земја., стои во соопштението.

Tags: АлбанциВЛЕНевроинтеграции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ