• Latest

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните му порачаа на СДСМ дека се против распродажбата на националните интереси

June 4, 2018

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните му порачаа на СДСМ дека се против распродажбата на националните интереси

June 4, 2018 09:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Република Македонија излегоа масовно и му порачаа на Зоран Заев и СДСМ дека се против распродажбата на државните и националните интереси. Граѓаните гордо и исправено се спротивставија на неправдите и понижувањата од страна на власта. Граѓаните покажаа дека повеќе не се плашат на заканите и притисоците на Заев и неговиот картел и порачаа дека време е да се стави крај на лажните ветувања, злоупотребата на институциите и уништувањето на државата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните на Република Македонија упатија порака до власта дека не смее повеќе државата да тоне, еконимијата да стагнира, а институциите да бидат заробени од картелот. Тие кажаа дека не сакаат повеќе да ги води неспособна и безидејна власт која спасот го бара во продажбата на државните интереси.

Откако е СДСМ на власт, граѓаните се повеќе осиромашуваат, а картелот на Зоран Заев се повеќе се богати. За една година повеќекратно го зголемија своето богатство. Го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, влегоа во милионскиот бизнис со марихуана, а нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“.

Цената на богатењето на Заеви ја плаќаат граѓаните. Нема 500 евра плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема поврат на 15% ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување, и нема 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Граѓаните се уверија дека се што вети СДСМ е голема лага.

Единствено покачување кое го спореведе оваа власт, а не го вети пред граѓаните е зголемување на акцизата на дизелот и затоа количината на дизел која граѓаните можеле да ја купат со една просечна плата пред една година е за 120 литри помала денес.

Една година се на власт, а не успеаја да реализираат ниту една капитална инвестиција. Успеаја да го зголемат јавниот долг кој ја надмина психолошката граница од надмина 5 милијарди евра. Граѓаните секојдневно се сведоци на задолжувањата од страна на власта, но останаа без одговор каде завршуваат нивните пари и колку ќе треба да враќаат идните генерации.

Граѓаните и Република Македонија заслужуваат просперитетна иднина, квалитетен живот и сигурна и безбедна иднина за нив и за нивните деца.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.

Државата повеќе не смее да биде заложник на Заев и СДСМ. Граѓаните заеднички, сложно и обединето ќе го победат овој криминален картел на власт и ќе триумфираат над неправдата, над темнината, понижувањата и ќе стават крај на ова неславно владеење. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро“, информираат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕкартелСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ