• Latest

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Тевдовски ги задолжуваат граѓаните за нови 22.400.000 евра

June 5, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Тевдовски ги задолжуваат граѓаните за нови 22.400.000 евра

June 5, 2018 16:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата на Зоран Заев е единствената Влада што само се задолжува, а не работи ништо. Зоран Заев и Драган Тевдовски денеска ги задолжуваат граѓаните за нови 22.400.000 евра. Очигледно е дека Заев и Тевдовски не знаат што прават. Задолжувања, задолжувања и само задолжувања. Ситуацијата е алармантна. Економијата крахира, стопанствениците секојдневно алармираат дека никогаш не било полошо од сега“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За прв пат во историјата на нашата држава, јавниот долг се зголеми за над 5 милијарди евра и ја проби психолошката граница од над 50%. Само во првиот квартал од 2018 година, СДСМ ги задолжи граѓаните за над 300 милиони евра нов нето долг. Дополнително според фискалната стратегија на оваа неспособна власт до крајот на мандатот ќе го зголемат долгот на над 6 милијарди евра.

СДСМ да го наместеше бројчаникот на Триумфалната капија, најверојатно до сега или ќе прегореше или ќе требаше да доредат уште 2-3 нули повеќе.

Задолжувањата одат во плафон, економијата пропаѓа од ден во ден, а проекти нема никакви. Ниту едно од ветувањата на овој картел на власт од пред изборите не е исполнето. А, верувајте, нема ни да биде исполнето.

Граѓаните својот револт кон погрешните политики на оваа Влада, неспособна и криминална власт го искажаа во саботата на големиот сенароден протест кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ пред Владата.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот и со експертската јавност работи на програма која ќе биде решение и санација на сите проблеми кои им ги наметна на граѓаните оваа ненародна и неспособна власт. Реална, издржана, почитувани, програма која што ќе треба да се реализира во наредниот период конкретна, со рокови и со визија.

Ние ќе понудиме мерка за намалено ДДВ на 2% за артиклите кои се најпотребни и најкористени од страна на граѓаните.

Наместо зголемување на даноците, ние ќе понудиме дополнителни даночни олеснувања за сите компании кои ќе вложат во развој на нови работни места.

Наместо повисока акциза за дизел горивата, почитувани ние ќе ја намалиме.

Наместо стопирање на инвестициите во здравството, ние ќе изградиме нов лик на здравството преку масовен пакет на реконструкции, изградба на нови болници и ќе вложуваме во нов медицински кадар.

Наместо одлив на млади и образовани кадри од нашата држава, ние ќе понудиме перспектива на младите и секоја учебна година ќе дадеме директна понуда за вработување на 500 студенти.

Наместо стагнација на образовниот кадар, ние во текот на нашиот мандат ќе обезбедиме покачување на примањата за 50%.

Наместо стагнација и намалување на пензиите, ние ќе им ги покачиме пензиите на пензионерите до 40%.

Наместо безидејност, криминал, корупција, неспособност и хаос што го нуди оваа Влада на СДСМ и Заев, ние ќе понудиме идеја, визија, реални и конкретни и издржани проекти и иднина и просперитет на нашата држава и идните генерации во нејзе.

Граѓаните се охрабруваат и кажуваат Доста е! Овој криминален картел на власт мора да падне и да се разбие“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕдолгзадолжувањеобвинувањеСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ