• Latest

ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ: “Бомбите” на Заев, Куманово, Пржино, соголување и паѓање на маските (2014-2016)

January 30, 2017
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари реагира на националистичките скандирања во Куманово: Овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, мора да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source> screenshot AP

Израелските сили убија најмалку 27 лица пред пункт за храна

August 4, 2025
Фото: ЦУК/Фејсбук

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

August 4, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ: “Бомбите” на Заев, Куманово, Пржино, соголување и паѓање на маските (2014-2016)

January 30, 2017 10:57
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во последното, четврто продолжение на анализата „Груевски: Историја на еден анти – Албанец“, новинарот, медиумски истражувач и активист за човекови права, Петрит Сарачини, го обработува периодот од посчедните две години пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016: изборите 2014-та, „бомбите“, Гошинце и Диво Насеље, Договорот од Пржино и СЈО, и новите политички опции за Албанците во Македонија…

Пишува: Петрит Сарачини

 Изборите во 2014 завршија со победа на владејачките партнери, но ниту ВМРО-ДПМНЕ не ја достигна 63-ката, ниту пак, ДУИ 25-ката. Сепак, резултатите на овие две партии беа импозантни. ДУИ освои 153.000 гласа, повеќе отколку во 2002 година, кога го држеше „ореолот на победник” од конфликтот во 2001 година! Коалицијата на Груевски освои двајца пратеници помалку од бројот што го бараше. Македонската опозиција, уште на крајот на денот на изборите, не ги призна резултатите и започна бојкот на парламентот.

ДУИ ги заборави брзо барањата од изборната кампања, а ВМРО-ДПМНЕ ги заборави „условувањата” на Албанците и ја продолжи љубовта со ДУИ. Но, оваа идила не траеше долго. Во есента 2014-та година, Заев најави дека поседува мошне моќни докази за стотици кривични дела на власта и започна средби со Груевски, преговарајќи за техничка влада и предвремени избори. Груевски оддолжуваше колку што можеше, и задаваше удари на опозицијата, но, конечно, „бомбите” со прислушуваните разговори почнаа да се објавуваат во февруари 2015 година. Следеа масовни протести.

Токму во овој контекст, кога започна соголувањето на власта во очите на граѓаните, се случи Куманово , на почетокот на мај 2015 година, а пред него, и случајот со „окупацијата” на караулата во Гошинце, кога на македонските безбедносни сили им требаше повеќе од 13 часа за да стигнат на местото на настанот по нападот, во кој привремено беа заробени четворица припадници на македонската гранична полиција!

Диво Насеље, мај 2015

Во Куманово, во Диво Насеље, каде беше засолнета вооружената група, се упатија специјални полициски сили вооружени до заби, но со погрешни информации дека ќе се соочат со група на обични криминалци, како што сведочеа во медиумите дел од припадниците на полицијата. Акцијата резултираше со 8 загинати полицајци, над 10 убиени меѓу членовите на екстремистичката група, десетици уапсени, како и многу уништени домови и семејства оставени без кров над глава. Вистински пекол.

Некои критички медиуми во Македонија, меѓу кои и политичкиот неделник „Фокус”, излегоа со информации дека Куманово е дел од сценарио на француска ПР-компанија, со наслов „Lе petitte guerre” (Мала војна), со цел да се одвлече вниманието на јавноста од криминалот на власта – на терен на меѓуетничките односи во земјата, каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат најдобро. Излегоа и информации дека тајните служби на Македонија биле во контакт со екстремистичката група пред акцијата, и дека оваа група, всушност, била намамена со материјална придобивка (поранешниот полициски генерал Ангелов наведе износ од два милиона долари) во оваа стапица и сценарио.

За среќа, ова сценарио не даде резултати. Протестите за демократизација на Македонија продолжија уште позасилено. На 17-ти мај беше организиран најголемиот мултиетнички протест некогаш направен на Балканот.

Понатаму, она што се случуваше, го знаете. Следуваше договорот од Пржино со неговите продолженија, во есента на 2015-та беше формирано Специјалното јавцно обвинителство и привремена влада со учество на министри и заменици министри од опозицијата, а на почетокот на 2016 година, дојде оставката на Груевски. Изборите беа закажани за април, јуни и на крајот, одложени до декември 2016 година Во текот на процесот на преговори, како што кажаа јавно и меѓународните посредници (Ванхауте), албанските партии повеќе му држеле страна на Груевски и не поднеле ниту една сериозна иницијатива, освен „природната” поддршка за спроведување на Охридскиот договор, кој требаше да биде завршен со реализацијата уште во 2004 година!

Што сакаат тие 90 отсто Албанци?

На изборите на 11-ти декември, Албанците гласаа на еден зрел начин, кој ретко се гледа, не само во овој регион! Дури и ако некој би сакал да го реализира тоа во форма на сценарио, нема да биде во можност да го стори тоа, така математички прецизно.

Од причини за кои зборувавме опширно погоре, го преполовија ДУИ во гласови и мандати, и речиси ја збришаа од сцената ДПА на Тачи. Верноста „до смрт” кон Груевски чини скапо. Албанците изгласаа две нови политички опции, кои во текот на кампањата се позиционираа со опозициска реторика, давајќи им осум пратеници. И, конечно, Албанците му дадоа десетици илјади гласови на Заев, единствениот конкурент и непријател на Груевски со вистински потенцијал, којшто се бореше против нивниот непријател. Му дадоа гласови на СДСМ, која пред само неколку години, не беше многу различна во пристапот и реториката кон Албанците, иако, во суштина, постоеше разлика – барем во смисла на „обланда” или „ракавици”.

Но, сега Заев зборува еден нов јазик кон Албанците, кој, можеби, за почеток, без да има моќ во рацете, е само реторика. Но, овој наратив ветува еден нов ветер во градењето на односи и дијалог меѓу Албанците и Македонците.

А, за да добие овој дијалог шанса да се развие, албанските политичари треба да ја послушаат пораката на албанските гласачи од 11-ти декември. Да го отстранат Груевски од сцената. И да се стави крај на историјата на еден мразач, лажго и криминалец, кој направи кариера на нивен грб!

(Крај)

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АхметибомбиВМРО-ДПМНЕГруевскиДПАДУИКумановоПржиноПротестиСДСМТачи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ