• Latest

ВМРО-ДПМНЕ со критики за здравството и социјалата, министрите со контра аргументи

April 11, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ со критики за здравството и социјалата, министрите со контра аргументи

April 11, 2018 14:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со критики за работата на министрите за труд и социјална политика и за здравство почна попладневниот дел од собраниската седница на чиј дневен ред е барањето за гласање на доверба на Владата поднесено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска поради случајот со трите силувани девојчиња од Домот „25 Мај“. Обвинија и дека не се зголемени пензиите, не се згрижени Ромите на Кале и оти во текстилните фабрики не се исплаќа минимална плата од 12.000 денари.

Министерката Царовска истакна дека со три усогласувања покачени се пензиите, а за Ромите на Кале рече дека се згрижени во институција која им обезбедува еден оброк дневно и оти во Визбегово се гради привремена населба каде ќе се сместат тие семејства.

„Она што го наследивме како Влада и Министерство по доаѓањето на власт бил згмеен систем за социјална заштита, а да не зборуваме за центрите за социјална работа кои под ваше раководство не само што беа уништени, туку беа и покрадени. Во ваше време, „Ранка Милановиќ“ претстана да биде јавна установа заради тоа што директор, поставен од вашиот министер, со три милиони проневерени евра имаше судска казна“, нагласи Царовска.

Во делот на здравството, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека не е почнат ниту еден инфраструктурен проект, нема доволно лекови за пациентите, нема зголемување на квотите за државните специјализации, нема набавка на медицинска опрема и не се зголемени платите на лекарите.

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека наследиле долг во јавното здравство од 60 милиони евра и оти успеале да ги отплатат долговите и да работат домаќински. Најави дека лекарите и здравствените работници ќе ги добијат ветените покачувања на дежурствата, ќе се набави нова медицинска опрема но не по високи цени како досега. За иселувањето на младите лекари, Филипче, рече дека тоа се должи на неправилните политики и неправилното планирање за вработување спроведени во минатиот период.


Извор: МИА

Tags: ВМРО-ДПМНЕкритикиСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ