• Latest

Во Битола умираат и мерачите за воздух!

June 29, 2017
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во Битола умираат и мерачите за воздух!

June 29, 2017 14:38
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата на југосточна Европа „Bankwatch“ (CEE Bankwatch) организираше средба во Европскиот парламент во Брисел на 26 јуни 2017, на која покрај европратениците и претставниците на Европската комисија, присуствуваа и претставници на Енергетската заедница, на НВО и на граѓански здруженија од Балканот. На средбата на која присуствуваше и Иван Чулакоски претставник на граѓанското здружение „За нас се работи“ од Битола, беше прикажан документарен филм и беа презентирани резултатите од независните мерења за загаденоста на воздухот во државите на Западен Балкан.

„При мојата официјална посета на Европскиот парламент во Брисел на 26 јуни 2017, како граѓански активист од ‘За нас се работи’ од Битола, на покана од CEE Bankwatch на која присуствуваа европратеници, претставници на ЕК и на Енергетската заедница, на НВО и на граѓански здруженија од Балканот беа презентирани резултатите од независните мерења на CEE Bankwatch за Западен Балкан. На настанот кој беше воден од CEE Bankwatch Network и Бас Ајкхут, европратеник од Greens/EFA, беа изнесени сите проблеми и беше повикано на итно реагирање во однос загадувањето на воздухот во Западен Балкан а воедно и во Битола“, изјави Чулакоски, за ЦИВИЛ Медиа.

Во истражувањето на Мрежата на југоисточна Европа “Bankwatch” за загадувањето во битолскиот регион стои дека аерозагадувањето е толку многу високо што за да може да функционира инструментот за мерење на квалитетот на воздухот, мора да се чисти на неколку дена.

„Во Битола, Македонија, нивото на загадување е толку високо, што само по неколку денови, филтрите на машината и комората за мерење беа контаминирани, по што мораше да бидат испратени на чистење и рекалибрација“, се вели во Извештајот на романската експертка за животна средина, Иона Чиута, координатор во Мрежата на Југоисточна Европа „Bankwatch”.

Европската комисија е со став дека ситуацијата на Западен Балкан е повеќе од алармантна и дека концентрацијата на РМ10 честичките е многу повисока од забележаните вредности во ЕУ. Како најчест загадувач се наведени кафеавиот јаглен и биомасата кои се користат за греење или за енергија.

„Намалувањето на употребата на јаглен и неговото заменување со почисти горива, треба да биде првиот чекор во борбата за почист воздух“, заклучил Франсоа Вакенхут, главен одговорен за Единицата за чист воздух на Генералниот директорат за животна средина.

„Сите локални заедници што беа набљудувани, страдаат од енормно лош квалитет на воздухот, и наместо да стануваат што погласни, нема на видик политичка одлука да се реши овој проблем. Заеднички заклучок на сите учесници на средбата беше дека за овој проблем пред се треба да постои политичка волја, која за жал, во Македонија недостасува до денес“, вели Чулаковски.

Маја Ивановска

 

 

Tags: BankwatchGreens/EFAАјкхутБитолаВакенхаутЗа нас се работиЗападен Балканистражувањеполитичка волјаЧиута
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ