ЦИВИЛ ќе одржи онлајн настан на тема „Еден месец руска агресија врз Украина“ утре, 24 март (среда), со почеток во 12:30 часот, како дел од серијата настани „Во фокусот“.
Панелот ќе опфати повеќе аналитички осврти на војната во Украина, дезинформациите и пропагандата, светската солидарност со украинскиот народ, меѓународниот одговор на руската агресија, бегалската состојба и низа други аспекти во однос на војната во Украина. Панелот ќе го води Џабир Дерала.
Настанот ќе се емитува на Фејсбук и Јутјуб каналот на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ е првата организација во земјава, како и меѓу првите во светот, што ја осуди руската агресија врз Украина. Медиумската платформа ЦивилМедиа е еден од најрелевантните извори кои известуваат од првиот ден на ескалацијата на руско-украинската криза, а сега веќе руската агресија врз Украина.