• Latest

Во Косово приведен помошник директор на Канцеларијата за Косово во Србија, Игор Петковиќ

July 19, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Косово приведен помошник директор на Канцеларијата за Косово во Србија, Игор Петковиќ

July 19, 2025 11:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската полиција вчера го приведе помошникот-директор на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Игор Поповиќ, по говорот што го одржа во текот на денот во Раховец, град во југозападно Косово, јавуваат косовски медиуми.

Според 24-часовниот полициски извештај, по сослушувањето тој бил приведен, додека два мобилни телефони биле привремено запленети како материјален доказ.

Вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, во објава на Фејсбук во петокот изјави дека Поповиќ ја опишал Ослободителната војска на Косово (ОВК) како терористичка организација, споредувајќи ги нејзините постапки со сериозни настани во светската историја.

„Поради оваа причина, српскиот владин службеник бил приведен на граничниот премин Брњак, а потоа однесен во полициската станица во Северна Митровица. Се очекува против него да бидат преземени мерки според законите што важат во нашата земја.“, изјави Свечла.

Меѓу другото, Свечла рече дека Косово, како демократска и суверена држава, нема да толерира навреди и сквернавење на историјата, а камоли на војната предводена од ОВК.

„Овој дел од историјата ужива почит од целиот прогресивен свет.“

Ослободителната војска на Косово (ОВК) беше политичко-воена сила која се бореше за ослободување на Косово од српската власт во периодот 1990-1999 година.

Категориите што произлегоа од војната, Организацијата на ветерани на ОВК (ОВЛ-ОВК), Здружението на воени инвалиди и Здружението на семејства на маченици, остро реагираа на, како што рекоа, присуството на помошникот на Петковиќ во Косово.

„Ова е менталитетот на подредените на [поранешниот српски лидер Слободан] Милошевиќ, кои денес ги претставува српскиот претседател Александар Вучиќ, поранешен министер на тој геноциден режим“, соопштија организациите во објава на Фејсбук.

Тие исто така рекоа дека „секој обид за провоцирање, оцрнување на ОВК и користење на територијата на Косово за антинационална пропаганда е неприфатлив и мора решително да се спречи“.

За време на војната во Косово во 1998/99 година, над 13.000 цивили беа убиени, додека илјадници други исчезнаа.

Околу 1.600 луѓе, претежно Албанци, сè уште не се пронајдени.

Со текот на годините, косовските правосудни органи обвинија или осудија неколку лица за воени злосторства.

Д. Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ