Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи дипломатски брифинг на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) – МАRRI Friends Meeting.
Најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и на директорката на МАРРИ Тамара Мугоша.
Дипломатскиот брифинг се одржува секоја година во Министерството за надворешни работи на РМ, со цел да се запознае дипломатскиот кор, меѓународните организации, партнерите и донаторите со работата на МАРРИ во изминатата година.
МАРРИ е единствена регионална иницијатива за проблематиката со миграциите во која членуваат шесте влади од Западен Балкан- Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Основана во контекст на Пактот за стабилност за ЈИЕ во 2004, МАРРИ е префрлена под регионална сопственост во 2008 година.
извор: МИА