• Latest

Во одбрана на голиот опстанок

February 6, 2016

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Во одбрана на голиот опстанок

February 6, 2016 09:16
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Платичка, каква-таква, но сигурна. Здравство, какво-такво, но го има. Образование, какво-такво, но децата се згрижени една третина од денот. Црква или џамија за упокојување на душичката, на секој чекор. Кредит се добива полесно, бидејќи банките им даваат предност на тие што се под заштитничкото крило на заробената држава. И телевизор. Што му треба повеќе на човек?

Shkruan: Xhabir Deralla
Пишува: Џабир Дерала

Ги разбирам. Под плаштот на моралноста и дисциплината го гледам благо-телешкото уживкање во страковите трева и по некоја детелинка што крцкаат под забите. Тоа е измешано со чувството на кроткост и послушност, благо треперење од чувството дека се заштитени од нешто или некој што е голем и моќен. И знае сѐ за нив.
Одвреме-навреме, тоа чувство на кроткост и послушност се заменува со чувство на вознесеност од љубовта кон Заштитникот и омразата кон сите што претставуваат опасност за него.
Тоа е разбирливо. Тој, Заштитникот, им го дал или им го дозволил сето тоа што го имаат. И изгледа извесно само додека Тој ја поседува моќта. Прво беше надежта и исчекувањето да се исполнат ветувањата, а потоа задоволството од исполнетото. Колку и да е различно од надежите, колку и да е во мали порции сервирано тоа што се нарекува „исполнето ветување“, задоволеноста со тоа што се има е доволен (логичен) аргумент да се остане на колена и ропски послушно да се нишка со главата.
И страв. Страв да не се изгуби тоа малку што се има. Страв да не се помисли нешто различно, да не се изгледа различно, да не се направи движење со телото кое може да отскокне од вообичаениот ритам на групата. Да не се заборави да се биде што е можно поисполнителен и ревносен. Да не биде протолкувано нешто погрешно, а намерата била само да се пошегува човек. Та слобода има! Сосема доволно. Можеби и повеќе отколку што му треба на човека. Изборот може само да збуни и да го расипе карактерот. Слобода има колку сакаш, надвор од кругот на божјиот храм и од кругот на Партијата, исцртан со невидлива креда.
Таа невидлива креда, како челична бодликава жица е насекаде. На училиште кај што децата може да паднат во немилост на партиските стражари, да добијат укор, намалено поведение или лоши оценки, па и ќотек од другите деца кои подобро го разбираат партискиот катехизис. На лекар, каде што се чека подолго ако не си во милоста на Заштитникот, кој сѐ гледа и сѐ слуша. На работа, до која тешко се дошло, а лесно може да се изгуби. Во банка, која може да го заплени топлиот дом и ги остави на улица. На улица, кај што прекорниот поглед на соседите е како ’рѓосан жилет и пече по вратот, челото и образите.
Зошто да се изгуби нешто што се добило со послушност, а не со способност која, впрочем, се нема? Зошто да се отвори умот и да се впиваат знаења од кои може да заболи главата и да се вознемири душата, кога може да се мирува во млаката сенка на незнаењето? Сѐ што треба да се знае, го има на телевизија. Нема зошто да се мешаат во работата на оној што го дава лебот насушен, па и многу повеќе од тоа. Затоа, ги разбирам кога, полни со гнев, се нафрлуваат кон сите што размислуваат. Уште повеќе гнев и агресија чувствуваат кога некој се осмелува да говори.
Различно! Тоа е смртен непријател на сѐ што имаат. Долги години се заплашувани дека непријателот демне на сите страни. Инаквите сакаат да им ја откраднат земјата, државата. Тие, инаквите, се подготвени да им го запалат домот и да им ги силуваат жените и ќерките. Платениците на мрачните сили демнат над нивните животи и може да им влезат во телевизорот.

Ги разбирам, бидејќи кога мразат, тие имаат чувство дека така го бранат прагот на сопствениот дом и голиот опстанок. Тешко е да се најде работа. Особено кога за таа работа не се бара способност, широчина и слободољубивост, туку послушност и ропско нишкање со главата. Ги разбирам. Сите ги разбирам, иако не можам и не сакам да прифатам.

Само, понекогаш, сакам да знам дали им е барем малку срам од тоа што го претставуваат и од тоа што го прават.

 

Објавено во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4 февруари 2016 г. и во Плусинфо.
Tags: диктатуракризаМакедонијапартијапартиски војнициполитички партииЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ