• Latest

Во предизборната кампања партиите не штедат на видеа и на реклами на Фејсбук

July 1, 2020

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Во предизборната кампања партиите не штедат на видеа и на реклами на Фејсбук

Предвремена кампања и масивни онлајн кампањи на политичките партии, бележи мониторингот на ЦИВИЛ во првите денови на изборната кампања.

July 1, 2020 18:00
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Предизборната кампања, која повторно почна предвреме, најмногу се води со видео спотови и со спонзорирани содржини на социјалните мрежи, покажува мониторингот на Цивил. Тимот на Цивил за мониторинг на финансирањето на предизборната кампања од 20 јуни до 28 јуни на полноќ регистрираше 220 политички настани за кои партиите потрошиле пари во или вон рамките на платеното политичко рекламирање.

Една десетина од настаните се случиле пред официјалниот почеток на кампањата на 24 јуни. Една третина од досега регистрираните собири на партиите се одржале пред официјално да почне предизборната кампања.

Речиси сите партии имале партиски промотивни активности пред да почне кампањата. Мониторингот регистрираше вкупно 20 такви настани, од кои девет биле јавни собири, а ги организирале и СДСМ, и ДУИ, и ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците. Пред официјалниот почеток на кампањата биле промовирани пет партиски видео-спотови.

Видео-спотовите се најчест материјал за партиска промоција во досегашниот тек на кампањата. Повеќе од една третина од вкупно регистрираните предизборни активности (повеќе од 36 отсто, или 80 различни) се видео-спотови, од спотови за промоција на партиски предизборни пораки, до спотови со снимки од говори, средби со граѓани или изјави, снимени за партиски предизборни потреби.

Далеку најголем дел од предизборните активности во минатите осум денови се случувале онлајн. Досега 66 настани или 30 отсто се спонзорирани содржини на социјалните мрежи,

Во минатите осум дена се регистрирани 41 митинг или друг јавен собир организиран од политичка партија. Тие опфаќаат скромни 18,6 отсто од вкупната предизборна активност, а околу 12 отсто отпаѓаат на дистрибуција на  промотивни брендирани печатени материјали со идентификација на политичката партија, најчесто на јавни настапи, но и по домови.

Мониторингот досега регистрираше 10 партиски видео-спотови за „црна кампања“, или за оцрнување на политичкиот противник, кои зафаќаат 4,5 отсто од вкупните предизборни активности. Од нив, седум се промовирани од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ, а два се со непознат нарачател. Еден од тие е насочен против партнерството на СДСМ и БЕСА, а другиот против ВМРО-ДПМНЕ. Регистрирани се и четири слуаи на дистрибуција на печатени материјали за „црна кампања“. Во 8 случаи, тимот за мониторинг забележа скриено политичко рекламирање и кампања, а во 5 случаи рекламирање вон законските рамки.

Најголем дел од 220 регистрирани настани биле организирани од СДСМ, 88 различни настани, а втора е ВМРО-ДПМНЕ со 61 настан. ДУИ организирале 18 предизборни активности, Алијанса за Албанците 14, а сите други набљудувани партии по помалку од десет настани.

Досега 17 содржини биле промовирани без да се открие нарачателот, а најголем дел од нив биле спонзорирани содржини на социјалните мрежи. Од нив, 9 биле насочени против СДСМ, еден против СДСМ/БЕСА и еден против ВМРО-ДПМНЕ.

Тимот за мониторинг на финансирањето на предизборната кампања досега регистрираше четири наводи за купување гласови, сите објавени на медиуми блиски до опозицијата, во кои владеачката СДСМ се обвинува за предизборен поткуп.

На 21 јуни ТВ Алфа објави прилог во кој се зборува за наводно поткупување гласачи од страна на СДСМ во Прилеп. Активисти на партијата, користејќи службено комбе на државен дом за стари лица надвор од работното време, товареле вреќи во еден од штабовите на СДСМ во градот). Такви наводи беа објавени и за Шуто Оризари, каде што наводно  активист им нудел на граѓаните „хуманитарен пакет“ од 1.700 денари доколку гласаат за СДСМ.  Новинарот се повикува на видеа објавени на социјалните мрежи, чија автентичност и веродостојност не можеше да се утврди.

На 22 јуни порталот Република објавува напис во кој се обвинува СДСМ дека „дели поткуп по домаќинства“ во Ѓорче Петров, со фотографија од човек како носи пакет, како и возило полно со пакети. Написот е пренесен на повеќе други портали.

Последниот навод за поткуп на гласачи мониторинг тимот го регистрираше на 24 јуни, на првиот ден од кампањата. Порталот „Економски лидер“ објави напис во кој се обвинува СДСМ дека на првиот ден од кампањата, партијата врши поткуп на гласачи од ромска националност во Гостивар. Објавени се две фотографии на кои се гледа како луѓе чекаат на ред за да добијат некакви пакети, како и видео на кое не се гледаат злоупотреби. Написот го преземаат низа други медиуми.)

Мониторингот во минатите осум дена регистрираше и еден случај на злоупотреба на јавни ресурси. На 22 јуни носителот на листата на ДУИ во петтата изборна единица Талат Џафери, според извештаите на набљудувач на Цивил, се појавил на партиска средба со граѓани во Ростуше со службен автомобил на Собранието.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

 

 

Tags: избориполитичко финансирање
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ