• Latest

Во Чаир се прегласува мирно, со слаба излезност и силно присуство на полицијата

November 12, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Чаир се прегласува мирно, со слаба излезност и силно присуство на полицијата

November 12, 2017 12:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прегласувањето во ИМ 2901 во СОУ „Иднина“ во Чаир се одвива мирно и без висока излезност во првиот дел од изборниот ден. До 12:30 часот гласаа 130 граѓанки и граѓани, како што известуваат набљудувачите на ЦИВИЛ. Забележливо е силно присуство на полицијата. 

Во вториот круг локални избори во оваа избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи. Разликата меѓу кандидатите за градоначалници Зеќирија Ибрахими и Висар Ганиу беше 66 гласа предност за Ибрахими. По одбиениот приговор на Беса за избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, Управниот суд Скопје, донесе одлука за прегласување, прифаќајќи ја нивната жалба.

Беса, незадоволна од начинот на спроведување на изборниот процес во вториот круг во Чаир, до ДИК поднесе 89 приговори. Оние што се однесуваа за избирачки места во Чаир, најмногу се однесуваа на броењето на гласовите, каде овластените претставници на партијата констатирале дека за неважечки се прогласувале оние гласачки ливчиња каде, како што се вели во приговорите, е јасно изразена волјата на гласачите, токму за нивниот кандидат за градоначалник.

ЦИВИЛ го набљудува спроведувањето на прегласувањето на ова избирачко место од почетокот и претходно објави извештаи во 9:30 и во 10:30 часот.

Граѓанките и граѓаните и сите засегнати страни кои имаат информации за изборни нерегуларности можат да ги пријават на телефонските броеви 071 608 523, 078 / 746 138 и онлајн формуларот www.slobodniizbori.info.

ЦИВИЛ – Центар за слобода има нулта толеранција кон изборните нерегуларности и ги повикува сите учесници во прегласувањето на избирачкото место 2901, на 12 ноември, да придонесат за мирен, слободен и демократски изборен ден.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: извештајлокални изборимониторингполицијапрегласување 2901ЦивилЧаир
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result