• Latest

Во тек е онлајн петицијата за укинување на привилегиите

June 22, 2019

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во тек е онлајн петицијата за укинување на привилегиите

ЦИВИЛ и Граѓанската работна група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото бараат целосно укинување или редуцирање на прифатливо ниво на сите привилегии на функционерите

June 22, 2019 15:14
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е онлајн петицијата за укинување на привилегиите што ја започнаа ЦИВИЛ и Работната граѓанска група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото. Со Иницијативата се бара, меѓу другото укинување на привилегиите на функционерите на локално и државно ниво, вклучително и раководителите на државни агенции и други институции. Поточно, Иницијативата се однесува на функционери, именувани или избрани, на локално или државно ниво.ЦИВИЛ ја покрена Иницјативата #КрајЗаРасипништвото со која се бара сите привилегии да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.

Барањата од ЦИВИЛ и граѓанките и граѓаните подразбираат сериозни, искрени и доследни интервенции во: Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието, Законот за пратениците, Законот за правата на претседателот, како и во низа други закони, деловници, правилници и друга регулатива што овозможува расипничко трошење на јавните пари и злоупотреби на моќта на локално и национално ниво. Петицијата е активна веќе три дена и може да се потпише ТУКА.

Иницијативата започна со соопштение на ЦИВИЛ на 14 мај, за потоа, организацијата, во присуство на голем број медиуми, да достави барања до парламентот на 17 мај, во пет минути до 12 часот. Неколку политичари, меѓу кои и Претседателот Стево Пендаровски, ја дадоа својата поддршка веднаш и во деновите по почетокот на иницијативата.

На трибината „Крај за расипништвото“ што на 5 јуни ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, заинтересираните граѓанки и граѓани имаа можност подетално да се запознаат со барањата на ЦИВИЛ кои се однесуваат на намалување и укинување на привилегиите на јавните функционери.

По презентацијата на барањата на ЦИВИЛ, сите присутни ја искористија можноста јавно да ги изнесат своите ставови и конкретни предлози на оваа тема. Исто така, се одржа и работна средба на која се формираше Граѓанската работна група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото. Се донесе одлука, како прв чекор, да се поведе и онлајн петицијата, а истовремено се работи на конкретни предлози и во насока на укинување, односно редуцирање на привилегиите и поголема контрола на трошењето на парите на граѓанките и граѓаните.

ЦИВИЛ – Тим за комуникации

Share118TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ