Стотици луѓе, од кои повеќето Американци по потекло од Хаити, се собраа синоќа на „Тајмс сквер“ во Њујорк, за да ги осудат „расизмот и изјавите“ на претседателот Доналд Трамп, кој, како што тврдат, „ги понижил африканските земји и Хаити“.
На протестот се приклучија и неколку политичари, неѓу кои и њујоршкиот градоначалник демократ Бил де Блазио.
Демонстрантите носеа знамиња на Хаити и транспаренти со кои повикуваа на мир, љубов и „изградба на мостови, а не на ѕидови“.
Трамп го обвинуваат дека користел вулгарен израз за африканските земји и затоа што прашал зошто во САД треба да биде дозволено да влегуваат уште мигранти од Хаити, а не од Норвешка.
Претседателот на САД, меѓутоа, тврди дека не кажал нешто такво, дека не е расист и дека има прекрасни односи со жителите на Хаити.