• Latest

(ВО ЖИВО) Голема меѓународна конференција – Панел 4: Историјата и иднината на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи

December 12, 2024

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

(ВО ЖИВО) Голема меѓународна конференција – Панел 4: Историјата и иднината на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи

December 12, 2024 16:09
in ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Голема меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, во Скопје, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија).

Панел 4: Историјата и иднината на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи

Овој панел ги разгледува минатото и иднината на посветеноста на граѓанското општество кон демократијата, човековите права и медиумските слободи. Говорниците ќе истражуваат активности и стратегии за зајакнување на медиумите и граѓанското општество во борбата против дезинформациите и поттикнувањето на демократските вредности. Дополнително, панелот ги претстави партнерските организации и ја прослави 25-годишнината на ЦИВИЛ – Центар за слоода, сеќавајќи се на нејзината историја, влијание и визијата за иднината.

  • Едвард Џозеф, експерт за менаџмент на конфликти, универзитетски професор, Универзитет Џон Хопкинс, САД
  • Петрит Сарачини, медиумски експерт, ИМА, Северна Македонија
  • Олха Данилјук, новинарка, Украина
  • Астрит Истрефи, политички и безбедносен аналитичар, Косово
  • Џабир Дерала, ЦИВИЛ, Северна Македонија

Модераторка: Хедер Роберсон Гастон, експертка за човекови права, САД.

Едвард П. Џозеф, експерт за управување со конфликти, Универзитет Џон Хопкинс, САД: Не може да имате демократски стабилен Балкан со антидемократска Србија, тоа нема да функционира

Фото: Роберт Атанасовски

Експертот за управување со конфликти, Едвард Џозеф, на четвртиот панел посочи дека има одговор за потешкотиите на Балканот.

Сега доаѓаме од центарот на НАТО каде разговаравме со заменик секретарот на Алијансата, Радмила Шеќеринска, поентата е дека не треба да се навлегува во сето ова толку длабински, туку да бидете конкретни, да се постави прашањето што треба да направи НАТО, вели Џозеф. Можам да кажам дека Балканот беше тема на денот кога бевме таму. Мојот совет е да бидете проактивни и да понудите идеи. Иимате право дека САД можат да научат многу од регионот. Балканот е предводник, нештата прво тука се случуваат па потоа на другите места.

Тој ја парафразираше изјавата на Вучиќ кога тој рече „јас не сум Асад“, истакнувајќи дека е грешка е да се употребат таквите фрази, како Никсон кога рече „јас не сум крадец“, такви негативни фрази кога се користат, тоа е грешка. На тој начин се маниферстира слабоста на автократите.

Според Џозеф, Северна Македонија е заложник на етно националистички проблеми за кои не е виновна, се направи Преспанскиот со кој се поддржува суверенитетот и се заштити јазикот, по што се продолжи кон НАТО. Сега имате вето од Бугарија, која не се придржува до Договорот за пријателство, јасно е дека пречката не е во земјата.

Кое е решението: Не може да имате демократски стабилен Балкан со антидемократска Србија, тоа нема да функционира. Решението е Косово, Србија ја одржува оваа позиција поради искористување на прашањето со Косово. Сето ова немаше да се случи, земјите не напредуваат кон ЕУ поради тоа што Европа е поделена на прашањето за Косово, вели Џозеф.

Олха Данилиук, Волина Газета, Украина: Новинарските „пустини“ во Украина го успоруваат демократскиот развој на земјата

Олха Данилиук , новинарка во украинската Волина Газетапанел, во своето обраќање посочи дека од местото од каде се приклучува (Украина)  на денешната конференција, никогаш не се знае дали ќе има напој со електрична енергија, и не била сигурна дека ќе може да учествува.

„Имаме рестрикции во струјата, дури во моментов проверував дали ќе успеам да зборувам нормално… Имаме проблеми и сосекојдневието, и со демократијата и недостаток на средства, затоа што, мојот медиум се наоѓа на северо -запад.

Медиумите во Украина добиваат средства од регионите на фронтот, исто така, во нашиот медиум, размислувавме што да сториме, проади тоа што само 45 проценти од приходите на локалното уредништво во Украина, добива средства од донатори и можат слободно и независно да работат, за разлика од тиа во северна Украина, затоа што таму се под руска окупација и инвазија, работат под удари на проектили.“, посочи Данилиук.

„Поради недостаток на финансии, се создаваат новинарски пустини, а тоа значи дека луѓето во одредени региони немаат пристап и не можат да дознаат ниту да сфатат што се случува. Северните делови, кон Белорусија, немаат пристап кон украинските медиуми. Луѓето таму мораат да слушаат белоруска пропаганда….“, истакна Данилиук.

Овие новинарски „пустини“ го успоруваат демократскиот развој на нашата земја, заклучи Данилиук.

Петрит Сарачини, експерт за медиуми, ИМА – Северна Македонија: Дезинформациите предизвикуваат насилство, говор на омраза и подгревање на меѓуетничките тензии

Петрит Сарачини од ИМА посочи дека  ни се случуваат добри и лоши работи во регионот и светот. Не можеме да бидеме споредени со Украина таму е многу тешка ситуацијата и можеме да се чуствуваме среќни што имаме вакви проблеми. Проблеми кои луѓето од Северна Македонија ги трпат. И Европа е нападната од екстремен национализам и овие работи го платија данокот врз демократијата.

Ние разбиваме лажни вести проверуваме вистина на вестите, единствена организација сме која со националната станица Алсат правиме 10 минутни видеа кои што разбиваат лаги пласирани во медиумите Единствен прпимер сме во регионот.

„Да бидеме искрени граѓанските организации и факт чекерите ја вршат работата но неможат да ги покријат медиумските куќи кои се во мејнстримот“, истакна тој.

Видовме кои се резултатите од дезинформациите за време на преспанскиот договор и неговото потпишување, видовме какви насилни протести тоа предизвика, а да не говориме за претходната година што се случи со пропагандата и резултираше со напад на Собранието на 27 април. Такви дезинформации предизвикуваат насилство говор на омраза и подгревање на меѓуетничките тензии.

Астрит Истрефи, политички и безбедносен аналитичар, Косово: Не смееме да престанеме да создаваме сојузи во борбата за човековите права и слободи

Политичкиот и безбедносен аналитичар Астрит Истрефи од Косово во своето обраќање истакна дека за луѓето во Украина е секоја секунда прашање на живот или смрт.

„Украина треба да победи во војната, дека ние ќе и помогнеме и дека Русија треба да падне. Никој не може да каже дека ќе ја поддржиме Русија за да ја запре војната во Украина. Војните во поранешна Југославија не запреа затоа што тоа некој тоа го направил. Ние Босанците и Албанците успеавме да го надминеме“, истакна Истрефи.

Зборуваме за дезинформации и и треба да препознаеме дека Западен Балкан не може да биде обичен бизнис. Кога зборуваме за ЕУ треба да се преземат силни чекори и одлуки за да се случи тоа. Ако ја препознаеме заканата тогаш треба да постапуваме посмело и побрзо.  Во меѓувреме губиме една генерација на млади луѓе кои што можат да ја засилат демокиратијата во нашата земја. Kолку ова трае толку повеќе трае помалку демократија ќе имаме повеќе авторитативни општества.

„Не смееме да престанеме да создаваме сојузи во борбата за човековите права и слободи“, додаде Истрефи.

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ: Путин ќе изгуби кога-тогаш, да не дозволиме да победи „путинизмот“

Претседателот на ЦИВИЛ- Центар за слобода, Џабир Дерала, вели дека патот и успехот на ЦИВИЛ не го градел сам туку со целиот тим.

„Има стотина вистини за еден факт. Но, сепак има една вистина, а тоа е дека Русија е агресор, убива во Украина, а Украинците се бранат.

Може да се изманипулираат фактите, да се замолчуваат новинарите, има кибер напади, порано чинеа до 700 евра сега чинат 200 евра. Многу малку се инвестира во пропагандата, лесно е да се шири национализам и да се претворат младите лица во топовско месо како што се навивачките групи.

Ние сме на фронтот на вистината. Ако престанеме да работиме никој нема да ни помогне.

Благодарение на советот на неколкумина, ЦИВИЛ ќе ја зајакне својата работа надвор од границите, не само во Западен Балкан туку и пошироко.

ЦИВИЛ планира да сузбие со војната против војната. Војната после војната трае подолго од војната, видовме примери во БиХ, Косово, Хрватска…

Сигурен сум дека Путин ќе изгуби кога тогаш, да не дозволиме да победи путинизмот“, вели Дерала.

Фото: Роберт Атанасовски

Третиот панел: 

(ВО ЖИВО) Голема меѓународна конференција – Панел 3: Спротивставување на авторитаризмот

Tags: меѓународна конференцијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ